Потекнува од Африка, но калата расте и во други тропски подрачја. Ова растение цвета во различни бои, од бела до розова и бордо. Станува збор за цвет кој трае долго, дури и кога ќе се отсече, па затоа често е дел од цветните аранжмани, особено кога станува збор за свадби. Калата во вазна ќе го украсува вашиот дом со денови, но треба повремено да ѝ ги отсекувате врвовите.rnrn
rnrnФактот што ќе воодушеви многумина е дека калата се одгледува многу лесно. Ова растение не бара многу внимание. Правилното садење и местоположбата на калата се единствените важни работи на коишто треба да внимавате.rnrnКалата сака сончеви места или полусенка во потопло подрачја.rnrn
rnrnАко одлучите да го одгледувате овој цвет, треба да го засадите напролет. Ова цвеќе расте умерено брзо и честопати цвета на почетокот или на средината на летото. Калата цвета во текот на целата сезона, до рана есен. Пред садењето, важно е да почекате да помине опасноста од мраз и почвата да се затопли доволно.rnrnКога ја засадувате, почвата треба добро да се наводни. Калите сакаат влажна почва и да ги прихранувате со ѓубриво во текот на сезоната на растење.rnrn
rnrnПо садењето, не претерувајте со наводнување. Откако ќе се создадат ризомите, наводнувајте ја калата еднаш неделно или почесто ако е многу жешко. Ако растението е во затворена просторија во саксија, постојано ќе му треба влага.rnrnКога станува збор за калата, треба да знаете дека таа може да биде отровна за домашните миленици. Цветот на калата содржи рафиди кои можат да предизвикаат здравствени проблеми кај домашните миленици.rnrnПогледнете ги овие пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце.
Потребни се 2 услови за да цветаат раскошно: Како се одгледуваат кали?
