КАФЕ ПАУЗА

Како правилно да ги избирате производите за нега на кожа?

Како правилно да ги одбирате производите за нега на кожа

Најважниот чекор при купувањето козметички производи е нивното одбирање соодветно со типот и потребите на вашата кожа. Секогаш купувајте производи според видот на кожата на лицето и внимавајте со каква намера ги купувате.rnrnКако правилно да ги избирате производите за нега на кожа?rn

Одредете го типот на вашата кожа

rnПостојат 5 основни видови кожа на лицето, и тоа: нормална, комбинирана, мрсна, сува и чувствителна. Но сепак, видот на кожата може да варира и да се промени поради одредени причини и околности.rnrnСува кожа – Оние со ваков тип кожа, немаат проблеми со акни и црнки на лицето, но имаат големи проблеми со  хидратирањето на кожата, бидејќи многу креми веднаш се впиваат во неа непокажувајќи резултати на  влажност на лицето. Кожата најчесто ја чувствуваат сува и надразнета. На овие лица им се препорачува често пиење вода и користење козметички производи кои ù даваат влажност на кожата. Доколку имате сува кожа, не користете камена пудра, ниту коректори во стик, зашто на овој начин придонесувате за дополнителна сувост.rnrnМрсна кожа – кожа со сјајна текстура, пори на лицето, склона кон создавање акни дури и во подоцнежните години од животот. Но затоа, оние со мрсна кожа полесно го одржуваат младешкиот изглед на лицето. Им се препорачува користење козметички производи на база на тревки и алги, како и редовен пилинг на лицето.rnrnКомбинирана кожа – комбинираната кожа резултира со сјајна т-зона (носот и челото), додека останатиот дел од кожата на лицето е посув. Но тоа не мора да значи дека треба да користите различни производи за одредени делови од телото, па затоа одберете матирачки тоници и креми за комбинирана кожа.rnrnНормална кожа – кожата е лесна за одржување, не е склона кон создавање акни, ниту пак е премногу сува. Жлездите лачат доволно масленост за кожата да постигне баланс. Оваа кожа изгледа енергична и хидратирана. Но тоа не значи дека не бара редовна нега, туку бара помалку време и козметички производи за одржување.rnrnОсетлива кожа – осетливата кожа може да биде нормална, мрсна, комбинирана или сува, па затоа бара дополнителна нега. Оваа кожа е склона кон алергиски реакции и често бара посебни третмани. Реагира на какви било промени од околината како и на неквалитетни козметички производи. За одбирање производи за нега, препорачливо е да се консултирате со дерматолог и да користите медицински производи.rnrnТестирање на типот на кожата – Најлесно може да откриете каков е вашиот тип кожа со помош на марамче. На исчистено и суво лице, притиснете обично суво марамче и по кратко време видете ја неговата реакција. Марамчето може да има маслени остатоци или да е потполно суво. Направете го овој мал тест на кожата на образите и на кожата на челото со употреба на различни марамчиња.rnrnКако правилно да ги избирате производите за нега на кожа?rn

Дефинирајте со каква намера го купувате производот

rnЗа омекнување и потхранување, одберете производи чии главни состојки се: мед, млеко, путер или јаткасти плодови.rnrnЗа регенерација на кожата, чистење и хидратација, се препорачуваат производи чии состојки се базирани на морски алги, зрнесто овошје, краставица или лимон.rnrnЗа ослободување од токсини, најефективни се покажале производите со морска кал.rnrnЗа измазнување на лицето, добри се производите со саќе, млеко или ориз.rnrnЗа сува кожа, користете производи од медитеранот, а за подмладување на кожата се препорачуваат производи чии состојки се базирани на разни чаеви и тревки.rnrnСо употреба на продуктите кои секојдневно се среќаваат во вашите домови, многу лесно може да направите домашни третмани за нега на вашата кожа.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.