Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Сподели

Некогаш стриктно резервирани за поегзотичните места, шеширите и плетените чевли се неопходни модни додатоци за ова лето.

Реклама

Забавни, но во исто време структурирани, тие на секој изглед магично можат да му дадат неформална и лежерна калифорниска вибрација која изгледа одлично и одговара на секој стил. Без разлика дали ова лето ќе патувате некаде или пак ќе останете во градот, со само еден моден акцент ќе можете да го инкорпорирате тропскиот изглед кој е и трендовски и шик.

Во кои парчиња да се инвестира? Дознајте во продолжение!rn

Мини торба

rnОдлична за секој ден и за носење на основните работи каде и да одите. Таа лесно може да се комбинира во бизнис стил.

rn

Плетен визир

rnДали сакате да носите релаксирана пунџа или високо да ја кревате косата? Тогаш овој визир е одлична инвестиција за вас која истовремено ќе ви овозможи и заштита на лицето на сонцето!

rn

Тркалезна торба

rnОдите на плажа? На вечерно излегување? Или пак, на работа? Оваа кружна торба е доказ дека тропските вибрации секогаш треба да бидат со вас, дури и на работа.

rn

Еспадрили

rnОдлични за викенд прошетки и за опуштени излети со семејството.

rn

Шешир со широк раб

rnБлагодарение на овие шешири, во секое време можеме да изгледаме како вистински дами, без разлика на тоа дали сме во фустан или во фармерки и маица.

rn

Федора шапка

rnАко не сте фан на големите шешири, федора моделот е одлична алтернатива.

rn

Автор: Антонина Велјановска

Најново

Може ќе ве интересира