4 евтини и брзи решенија за испукани пети

Сподели

Во текот на топлите месеци од годината, испуканите пети се честа појава. Причината најмногу лежи во изборот на обувките кои ги носиме, кои предизвикуваат сушење и поцрнување на табаните. Иако на пазарот има многу препарати за нега и хидрирање на овој дел од телото, сепак стапалата можете да ги негувате ефикасно и без многу пари и во домашни услови, користејќи ги намирниците од вашата кујна и производите од вашата бања.

Реклама

rn

1. Пена за бричење

rnНанесете поголема количина пена за бричење на стапалата. Во легенче измешајте еднаква количина вода за плакнење уста и топла вода за добро да можете да натопите еден пешкир. Додека стапалата ви се запенети, ставете го пешкирот врз нив и седете така половина час. Со истиот пешкир нежно протријте ги стапалата отстранувајќи ја пената. Тоа ќе ја отстрани грубата и сува кожа, а стапалата ќе ви станат мазни и меки. На крајот на третманот нанесете крема за стапала за дополнителна хидратација.rn

2. Растително или маслиново масло

rnОва е уште една многу ефикасна метода, а сѐ што ви треба е малку маслиново, растително или кокосово масло. Со прстите нанесете масло на стапалата и добро измасирајте ги, нежно протривајќи ги критичните места. Правете го тоа навечер, после тоа облечете чисти памучни чорапи и оставете ги преку ноќ. Кога ќе се разбудите вашите стапала ќе бидат меки и хидрирани, а грозната испукана кожа ќе ја снема. Оваа метода може да се користи неколку пати неделно доколку стапалата ви се многу суви, а петите многу испукани.rn

3. Вазелин

rnВазелинот е уште едно одлично средство против распукани и поцрнети стапала. Нанесете го по целата површина на стапалата и облечете чисти памучни чорапи за спиење. Ако ова го правите во текот на денот, оставете ги чорапите сѐ додека стапалата потполно не го впијат вазелинот и не постанат мазни и меки.rn

4. Солена вода

rnТоплата солена вода е одличен рецепт за лечење на испуканите пети. Во топла вода додајте шака сол и добро промешајте. Ставете ги стапалата внатре и седете така 15 минути. Исушете ги убаво стапалата и нанесете подебел слој крема или вазелин, па облечете чисти памучни чорапи. По неколку часа, вашите стапала ќе ја впијат кремата, а резултатот веќе го знаете – негувани стапала вредни за покажување.

Популарно

Може ќе ве интересира