Дали ви се случило неколку ноќи по ред да го сонувате истиот сон? Доколку вашите соништа постојано се повторуваат, вашата потсвест можеби се обидува да ви укаже на некој голем проблем кој можете да го дешифрирате. Ниту еден сон не може да исплови од несвесното доколку не постои некој проблем кој навистина постои во јавето. Кошмарите, пак, честопати се последица на некое трауматично искуство или ситуација која му претставува потешкотии на оној кој сонува.rnrn
rnrnДоколку ви се случува да го сонувате истиот сон неколку пати за неколку дена, месеци или години, тоа е така затоа што потсвеста сака да обрнете внимание на некоја ситуација која го нарушува вашиот психички живот. Експертите советуваат да запишете сѐ што ви се случува во тој период, како се чувствувате и што точно сте доживеале.rnrnПонекогаш таквите соништа се апокалиптични или, пак, проблемите од секојдневието ви се јавуваат на сон, но збогатени со силни емоции и проследени со чувство на парализа. Психоаналитичарите ноќните мори и обичните соништа кои се повторуваат ги сметаат за позитивни. Кога го дешифрирате сонот, неговото повторување може да ви послужи како показател кој ви кажува до каде сте со решавањето на проблемот и каде сте заглавиле. Соништата говорат за внатрешните процеси, ги објаснуваат нашите односи со другите и ги изразуваат нашите стравови и ограничувања.rnrnНајважно е да ја прифатите помошта на вашата потсвест и да се соочите со проблемот. Во продолжение прочитајте го значењето на некои од најчестите соништа што се повторуваат…rn
Доколку сте голи во сон, размислете за одлуките што ги носите
rnАко во сонот се појавувате голи или несоодветно облечени, тоа говори за вашиот страв од некое животно искушение за кое не сте спремни. Експертите советуваат дека по таков сон треба да размислите за одлуките што ги носите и за стравот од посрамотување.rn
Смртта значи промена на личноста
rnДоколку често сонувате смрт на блиска личност, тоа е обично знак дека време е да „умре“ некој стар дел од вашата личност. Сѐ што треба да направите е да се прилагодите на моменталната животна фаза.rnrn
rn
Телефонска врска која не функционира е знак на проблеми
rnАко во сонот не можете да воспоставите телефонска врска или да зборувате со некого, тоа укажува на проблеми во комуникацијата со другите. Обидете се да размислите со кого не сте во добри односи и отворено разговарајте за тоа.rn
Ако не можете да закочите, сѐ е надвор од контрола
rnДоколку често сонувате дека имате проблеми со превозот или не можете да закочите, тоа е знак дека во некој сегмент од вашиот живот работите ви излегле надвор од контрола.rn
Технички проблеми укажуваат на проблеми со здравјето
rnАко често сонувате дека ви се расипал некој уред, автомобил и слично, обрнете внимание на вашето здравје. Сонот може да биде и предупредување за некои пропусти што ги имате во животот. Размислете по кои ситуации го сонувате тоа и откријте ја пораката што сака сонот да ви ја каже.rnrn
rn
КАКО ДА ГИ ДЕШИФРИРАТЕ ВАШИТЕ СОНИШТА?
rn
Дневник и чаша вода за сеќавање
rnПо будењето не треба да ја менувате положбата на телото, ако сакате да се сетите на сонот. Клучот на значењето се крие во која било боја, чувство и навидум неважен детаљ. Но, за да го разберете сонот, треба да се сетите на него, а тоа понекогаш е проблем. Затоа експертите советуваат да водите дневник за соништа и да се обидете што е можно подетално да ги опишувате кога ги запишувате.rn
Бидете отворени кон пораките кои ви ги испраќа потсвеста
rnПред да заспиете можете да го изговорите следново: „Свесен сум за пораките кои ми ги испраќа потсвеста“ и на тој начин ќе го олесните сеќавањето на соништата.rn
Фокусирајте се
rnЗа да ја поттикнете обработката на податоците од соништата, добро е да се фокусирате на она што вас ве интересира или мачи. Така полесно ќе се сетите што сте сонувале.