КАФЕ ПАУЗА

Фотографиите од слатки животни можат да ви помогнат да ја распламтите искрата во вашата врска

Фотографиите од слатки животни можат да ви помогнат да ја распламтите искрата во вашата врска

Дали самата помисла на брак ве ужасува? Дали се прашувате како паровите кои се заедно со години успеале да ја одржат врската? Зар не се случува искрата помеѓу нив да згасне? Сите сме чуле дека експериментирањето во креветот и редовните љубовни состаноци помагаат да се зачува љубовта помеѓу партнерите, но најновите истражувања нудат поинаков совет за распламтување на искрата во врската.rnrnФотографиите од слатки животни можат да ви помогнат да ја распламтите искрата во вашата врскаrnrnИстражувачите од Државниот Универзитет во Флорида дознале дека гледањето фотографии од слатки животинчиња, како што се кутриња и зајчиња, може да направи чуда за вашата врска!rn

Како го откриле ова?

rnЦелта на истражувањето било да се дознае дали постои можност да се истренира мозокот на таков начин што кога ќе помисли на партнерот, би се разбудиле позитивни мисли. Истражувачите нашле 144 млади брачни парови (сите имале помалку од 40 години) кои биле заедно помалку од 5 години. Сите имале околу 28 години и помалку од половина од нив имале деца.rnrnВо првиот дел од истражувањето, од паровите било побарано да пополнат неколку тестови за да откријат колку се задоволни од нивните врски. По неколку дена, тие биле испратени во лабораторија за да се измери нивниот „моментален, автоматски став“ кон нивните партнери.rnrnВо период од 6 недели, на паровите им биле покажувани различни слики на секои 3 дена. Во низата фотографии имало слики и од нивните партнери. На половина од сопружниците им биле покажувани „неутрални“ слики. Со други зборови, им покажувале слики од нивните партнери во комбинација со здодевни работи, како што е копче на пример.rnrnНа другата половина им биле покажувани позитивни фотографии во комбинација со оние од нивните сопружници, како што се слики од кутриња или од зборот „прекрасно“. Секои 2 недели, додека паровите го правеле ова, требале да изјават и како се чувствуваат во однос на нивните партнери.rnrnФотографиите од слатки животни можат да ви помогнат да ја распламтите искрата во вашата врскаrn

Крајните резултати од истражувањето

rnЗа време на експериментот, истражувачите откриле дека луѓето кои гледале слатки и позитивни слики заедно со оние од нивните партнери, покажале попозитивни реакции кон нивните сопружници во текот на неделните проверки, за разлика од луѓето на кои им покажувале неутрални слики. Овие позитивни реакции го подобриле квалитетот на браковите.rnrnАко се изненадивте од овие откритија, не сте единствени. Дури и авторот на истражувањето признал дека не очекувал вакви резултати.rn

„Бев малку изненаден од фактот што овој експеримент навистина делуваше. Целата теорија што ја прегледав поврзана со евалвативното условување тврдеше дека ќе делува, но постоечките теории за врските и самата идеја дека нешто толку едноставно и неповрзано со бракот може да влијае на среќата во бракот го поттикна мојот скептицизам“, признал авторот.

rnСекако дека доколку сакате да ја промените врската, најпрво треба да го промените вашето однесување и начин на кој комуницирате со партнерот. Но, во секој случај, добро е да се знае дека постојат и други начини да го промените вашиот став кон партнерот. Освен тоа, кому му треба изговор за да гледа фотографии од слатки кутриња и зајчиња?!rnrnДоколку сакате да го подобрите односот со партнерот, прочитајте ги овие совети кои ќе ја зајакнат вашата врска.