КАФЕ ПАУЗА

Фантастични бјути употреби на коректорот кои ќе ви дадат совршен изглед

Коректорот е еден од оние производи кои се апсолутно есенцијални во сечиј несесер. Ги има во разни пакувања, па без проблем можете секаде да го носите со себе – на училиште, на работа, на патување, на љубовен состанок – коректорот е секогаш тука кога во последен момент треба малку да ја поправите шминката. Освен за поправање на шминката, коректорот може да има и други бјути употреби.rnrn0-fantastichni-bjuti-upotrebi-na-korektorot-koi-kje-vi-dadat-sovrshen-izgled-kafepauza.mkrn

1. Визуелно ги зголемува усните

rnОткако ќе нанесете кармин или сјај, нанесете тенка линија од коректорот средишно над горната усна, а потоа и под средината на долната усна. Ова веднаш визуелно ќе ги зголеми усните, без да ги исцртувате со молив.rn

2. Може да се користи како пудра

rnАко имате чисто лице, заборавете на пудрата за време на летото и користете коректор. Откако ќе нанесете хидратантна крема, почекајте половина минута и потоа нанесете неколку линии од коректорот.rn

3. Ја фиксира сенката

rnАко немате подлога за сенка, прво нанесете коректор на капаците, а потоа нанесете го остатокот од шминката. Вака, сенката нема да се разлее и вие ќе изгледате совршено во текот на целиот ден.rn

4. Го фиксира крем руменилото

rnКрем руменилата се многу практични, но нивното дејство е многу краткотрајно. Затоа, за да го спречите ваквиот ефект, пред да го нанесете руменилото, на лицето ставете малку коректор.rn

5. Ги брише сите траги од умор

rnОвде не се мисли само на подочници. Ако сте настинати, или изгледате навистина уморно, не заборавајте да нанесете коректор во пределот околу носот – тоа ќе го освежи лицето и ќе го избрише уморниот изглед.