Многу жени низ историјата ја имале храброста јавно да говорат и да предизвикаат големи промени. Кога ќе размислите подобро, жените денес ја имаат слободата да говорат јавно, да напишат книга која ќе има големо влијание, но што е со жените на XIX век кои не уживале апсолутно никакви права? Ова се дел од најконтроверзните жени кои не се плашеле да го променат светот.rn
1. Хариет Бичер Стоу (1811-1896)
rnПозната американска писателка и активист за прекин на ропството во 19 век. Хариет Бичет Стоу останува запаметена по нејзиниот голем успех, контроверзната новела „Колибата на чичко Том“ која кренала многу прашина во тоа време. Имено, некои тврдат дека оваа новела, после библијата, е најпродаваното дело во XIX век.rnrn
rnrnТематиката на ова дело е сосредоточена на негативностите на ропството, а дури и се смета како една од причините за Американската граѓанска војна. При една средба со претседателот Абрахам Линколн, тој ѝ се обратил велејќи ѝ: „Значи ти си таа мала жена која ја напиша книгата што ја предизвика оваа голема војна?“rn
2. Маргарет Тачер (1925-2013)
rnИма такви кои ја обожуваат и ѝ се восхитуваат, но и такви кои не ги делеле истите идеали со неа. Но сеедно, ниедна листа на моќни и познати жени не може да мине без челичната дама на Британија. Порасната како ќерка на продавач, Маргарет Тачер смело се држеше во политичкиот свет покрај мажите и воведе политички реформи кои го променија светот.rnrnТачер стоела на чело на премиерската функција за време на Фолкландската војна со Аргентина, од која Британија излегува како победник. Сепак, кај многумина ја изгубила почитта откако поради нејзините политички и социјални реформи, дел од граѓаните останале без работа.rnrn
rn
3. Џермејн Грир (родена: 1939)
rnЕдна од најголемите феминистки на 20-тиот век, австралиски академик и новинар. Позната по книгата „The Female Eunuch“, која главно се фокусира на правата на жената како и на женската сексуалност, Грир набрзо станува гласот за слобода на жените.rnrnГрир ја гради својата кариера воглавно како бунтовник и жена која умее да зборува без влакна на јазикот. Во текот на 70-тите била уапсена поради јавно говорење со навредлив јазик.rnrn
rn
4. Маргарет Сангер (1879-1966)
rnМаргарет Сангер е жената која ја отворила првата клиника во Америка која се фокусирала на заштита на жените во однос на раѓањето, контрацепцијата и сексуалната едукација. На овие теми, како и на темата брак, напишала многу книги.rnrnСангер се залагала за поголема информираност на жените како и за спречување на несакана и непланирана бременост. Веројатно вложила толкав труд поради судбината на нејзината мајка која починала од туберкулоза на 50 години, предизвикана поради 11-те пораѓања и 7 пометнувања на бременоста.rnrn
rn
5. Волис Симпсон (1896-1986)
rnСонот на секоја девојка е да стане принцеза како од бајките. Но оваа жена била причина за турбуленции и несогласувања во Британското кралство. Симпсон му била љубовница на принцот Едвард кој бил наследник на тронот. Но поради тоа што двапати била разведена, Едвард бил принуден да се откаже од круната за да биде со неа. Тоа и го сторил.rnrnНекои гледаат на нивната романса како божемска љубов која во суштина е базирана на корист од материјална природа, но други ја гледаат како вистинска љубов. На крајот на краиштата, кој крал би се откажал од своето место на престолот поради љубовта кон една жена?rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.