КАФЕ ПАУЗА

Еве зошто се чувствувате заглавено: Преголемата самокритичност ја саботира вашата амбиција

Еве зошто се чувствувате заглавено: Преголемата самокритичност ја саботира вашата амбиција

Written by

in

,

Доколку сте амбициозна личност, несомнено веќе сте се „уловиле“ себеси како прекумерното се коригирате и критикувате. Преголемото насочување на корекција е она што се случува кога се обидувате да ја поправите грешката што всушност не е грешка и заглавувате помислувајќи дека не сте успешни.rnrnЕве зошто се чувствувате заглавено: Преголемата самокритичност ја саботира вашата амбицијаrnrnТоа се случува и кога мислите дека нема „што да облечете“, па го трошите целиот буџет на нова гардероба, чекајќи истото да се повтори и следниот месец.rnrnТоа се случува секогаш кога ги гледате вашите профили на социјалните мрежи и доаѓате до заклучок дека тие се инфериорни во секој поглед и затоа треба целосно да се редизајнираат.rnrnТоа е она што се случува кога ќе добиете унапредување на работа, но сфаќате дека сè уште некој друг работи подобро од вас и чувствувате како вашата гордост се намалува. Тоа се случува кога се обидувате да започнете бизнис и се фокусирате повеќе на изгледот на веб-страната, а не се обидувате да се убедите себеси дека таа можност е најдоброто што ќе ви се случи.rnrnТоа се случува кога ја чистите целата куќа и никако не можете да го тргнете погледот од еден агол на ѕидот кој изгледа малку валкано, па поради тоа не можете да го прогласите просторот за „чист“.rnrnТоа е кога ќе го потрошите цело ваше време и пари за да го подобрите изгледот, одново и одново, мислејќи дека конечно е пронајдена магијата, „тајната моќ“ на тој нов производ кој само што не пристигнал, а кој треба да ве „спаси“.rnrnПроблемот е во тоа што за амбициозните луѓе вистинските проблеми се збунувачки, па им даваат предност на малите, незначителни детали што ги водат до точка на целосно попречување на нивниот напредок.rnrnКога премногу коригирате, се обидувате да прилагодите нешто што е навистина добро онакво какво што е и за кое не е потребно многу од вашето време, енергија или труд.rnrnТоа ви предизвикува анксиозност, оптоварување и на крај станува зависност од која не можете да се ослободите: проблемот е што не можете совршено, целосно да го решите проблемот, затоа што реално проблемот и не постои.rnrnКога премногу коригирате, ја губите предвид големата слика.rnrnСе фокусирате на тоа што не ви се допаѓа, па никој не го забележува вашиот копнеж да поправите нешто, бидејќи целосно ги занемарувате најзначајните аспекти на вашиот изглед, како туширање или стилизирање на вашата коса, нешта што другите луѓе всушност ги забележуваат.rnrnСе фокусирате на еден дел од куќата што не можете да го направите сосема совршен, а го занемарувате вистинскиот хаос, кој всушност е опиплив, како што се алиштата кои избегнувате да ги средите, садовите во мијалникот што стојат неколку денови.rnrnСе фокусирате на тоа како вашата веб-страница изгледа наспроти тоа што прикажува, како сликите се прикажани наспроти приказната што ја раскажуваат, се фокусирате на перцепцијата или начинот на кој мислите дека другите ве гледаат.rnrnНа крај, обидот за совршен живот е она што го спречува неговото достигнување.rnrnПонекогаш, кога се чувствувате неспособни за да ја контролирате „поголемата слика“ во животот, правите обиди да ги контролирате помалите нешта, само за да се чувствувате корисно. Но, на тој начин само се фрустрирате уште повеќе.rnrnРешението е едноставно во теорија, но е предизвик во пракса, сепак треба да се зафатите со него.rnrnЗа да престанете премногу да се коригирате, мора да престанете да се обидувате сè да решавате и минимизирате. Мора да дозволите нештата да имаат свои рабови и несовршености. Но, треба да направите простор за тоа.rnrnКога ќе престанете да барате совршенство, ќе се задоволите и со доволно доброто. Но, мора да дефинирате што е „доволно добро“ за вас. Мора да ја завршите работата која ви е зададена и да сфатите дека тоа е доволно.rnrnРешението не е во тоа да се обидите да поправите сè, туку да се започне да размислувате за тоа што ве збунува: Која е разликата помеѓу несовршеноста и неуспехот? Тие 2 нешта никогаш не се изедначуваат.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 3-те ситуации во кои пријателите ги даваат најлошите животни совети.