Корисникот на Редит, познат како Dericrw, заедно со неговата сопруга направиле соба со тема од Војна на ѕвездите за нивниот син, со надеж дека ќе го натераат да спие во посебна соба. Кој би можел да одолее на ова? „Каупслата“ за спиење од Милениум Фалкон е голема колку брачен кревет и е закачена на таванот.rnrn
rnrnОстатокот од бродот е нацртан на ѕидот зад креветот. Покрај тоа, во капсулата има и вентилатор за циркулација на воздухот, како и ЛЕД светилки. Навистина неверојатен проект.rnrn
rnrnНа спротивниот ѕид од креветот има телевизор. Под екранот се наоѓа кутија за „оружја“, каде што стојат играчките. ЛЕД светилките светат во разни бои.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnТаткото напишал дека за овој проект им бил потребен околу еден месец, а работеле само за време на викендите. Па, ако вашите син или ќерка се љубители на оваа приказна, еве одлична идеја како да ги израдувате со нова соба!rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие кул идеи за уредување на детски соби.
Интересна детска соба инспирирана од Војна на ѕвездите
