КАФЕ ПАУЗА

Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

Written by

in

,

Бебињата не зборуваат, но тие знаат како да ги покажат своите емоции од првите денови на раѓање. Бебињата знаат многу за луѓето и светот, а од нивните гримаси можеме да откриеме што тие всушност мислат.rnrnВеднаш штом ќе се намурти, бебето испраќа порака на лицето дека не се чувствува пријатно. Ако плаче, можната причина се гасови, што може да го решите со нежно масирање на стомакот. Ако бебето се намурти и широко ги отвори очите, тоа веројатно само какаше. Но, ако е со намуртени веѓи, вашето дете веројатно е премногу стимулирано од надворешни информации и треба да е само.rnrnЕве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицетоrnrnЕве како да го „прочитате“ вашето бебе:rnrnИстражувачки погледrnrnБебињата се лесно фасцинирани од нештата околу нив, а тоа ќе го покаже интензивниот и истражувачки поглед во одредена насока или кон некоја личност или предмет.rnrnБара вниманиеrnrnСо ненадејно плачење, викање и фрлање работи, бебето го бара вашето внимание и покажува дека му е здодевно. Побарајте ја омилената играчка или испејте ја песната што ја сака.rnrnНе сака да си играrnrnШтом ја сврти главата на другата страна и избегне контакт со очите, бебето покажува дека не сака да комуницира. И тоа ќе го потврди ако почне да игра со прстите.rnrnНапрчени усниrnrnРодителите треба да му дадат простор на бебето ако се намурти и ги напрчи усните, бидејќи вели дека сака да биде само.rnrnРаширени очиrnrnАко бебето ги рашири очите ширум, тоа обично го прави додека се напрега за време на какањето.rnrnКако да знаете дали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?