КАФЕ ПАУЗА

Дали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?

Дали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?

Да се биде мајка е заморно, но и убаво искуство. Сè ви изгледа комплицирано, непознато и несовладливо. Првите неколку месеци се најтешки. Вие сте постојано уморни, а бебето се буди на секои два часа за да јаде и токму кога мислите дека сте стекнале рутина, се случува нешто чудно. Ви се чини дека вашето бебе сака да јаде на секои 15 минути?!rnrnДали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?rnrnНовороденчињата обично бараат да јадат на секои три часа, а понекогаш и почесто ако претходното доење било малку пократко, односно ако бебето заспало предвреме. Кога бебето ја менува рутината на јадење, не треба веднаш да се сомневате дека станува збор за сериозен проблем.rnrnВаквото однесување на бебето е сосема очекувано затоа што тоа се чувствува безбедно во вашите раце. Поврзувањето со вас на уникатен начин за време на хранењето е нешто непроценливо за него. Ако бебето плаче за да го земете во вашите раце и ја отвора устата како да е гладно, но не цица, туку повеќе си игра со вашите гради, тоа значи дека бара внимание.rnrnБебето ги поминува деновите во јадење, спиење, пресоблекување и така во круг, сè додека не започне да го сфаќа вашето присуство. Во тој момент, тоа чувствува дека покрај тие три активности, постои и друга – мајчинскиот допир. Ако вашето бебе почне да плаче за да го кренете в раце по 15 минути по доењето и единствениот начин на кој може да се смири е повторно доењето, тоа значи дека си игра со вас.rnrnПедијатрите посочуваат дека адаптираното млеко нема да му помогне вашето бебе да не биде гладно и да ја намали желбата за млеко. Тоа не е гладно. Ако бебето нема проблеми со зголемување на телесната тежина, тоа е јасна потврда дека вашето млеко е квалитетно и дека бебето едноставно сака да се гушка со вас.rnrnПрочитајте колку часови треба да спие бебето за здрав сон.