Мирисливи рози се неопходен дел од градините на љубителите на цвеќе, а можете да ги одгледувате и на мал простор како што е балконот. Притоа, важно е да се земат предвид неколку фактори што се потребни за розите да заблескаат со својот изглед.rn
1. Ставете ги на соодветен дел на балконот
rn
rnrnРозите можат да успеат речиси на секој балкон, но исклучок се оние што се на северната страна. Имено, на розите им е потребна поголема количина сонце, а северната страна на балконот не може да го обезбеди тоа.rnrnНо, тие не може ни да бидат изложени на силното јужно сонце цел ден, па затоа обидете се да ги поставите на исток, на запад, на југоисточната или на југозападната страна на вашиот дом. Ако самиот балкон не го дозволува тоа, секогаш можете да ги поставите на надворешната страна на прозорецот.rn
2. Земете го предвид видот на розите
rn
rnrnВо ботаниката се евидентирани над 14.000 видови рози, но не можат сите да преживеат во иста средина. Некои можат да преживеат на многу ниски температури, а други се погодни за тропски региони и за температури кои се искачуваат до 40 степени. Затоа, розите за вашиот балкон треба да бидат избрани во согласност со климатското поднебје во кое живеете.rnrnВо нашиот регион успеваат малите рози и тие се идеални за создавање вистинска бајка на балконот. Тие имаат дијаметар малку помал од вообичаените рози, а нивниот силен мирис и изобилството на цвеќе во една грмушка нема да ве остават рамнодушни.rn
3. Изберете ги теглите правилно
rn
rnrnАко сакате да одгледувате грмушка од рози на балконот, треба да набавите средни и големи тегли, чија длабочина, како и дијаметар, мора да биде најмалку 40 центиметри. Од друга страна, ако сакате да одгледувате џуџести рози, ќе ви биде потребна тегла со дијаметар и длабочина од 20 до 30 цм.rnrnИсто така, мора да им обезбедите соодветна дренажа, па не заборавајте дека теглата мора да има дупки на дното за одвод на вишокот вода.rn
4. Наводнувајте ги и хранете ги соодветно
rn
rnrnКога станува збор за наводнувањето, розите се растенија што сакаат вода, особено за време на жешките летни денови. Покрај тоа, грмушката од рози треба да прима 5-6 литри вода неделно, па дури и повеќе ако е поголема и ако има многу цветови. Водата треба да се нанесува директно на земјата, а не на лисјата бидејќи капките вода во текот на жешките денови може да остават трајни последици врз нив.rnrnНо, важно е и да знаете дека розите бараат дополнителна грижа, така што на секои две до три недели треба да додавате течно ѓубриво наменето за рози во водата со која ги наводнувате.rnrnПогледнете ги овие идеи како да го претворите малиот двор или балкон во удобно место за релаксирање.