Лето без изгореници е исто како утописка бајка со среќен крај.rnrnИзгорениците кои се појавуваат на кожата, можат многу брзо да поминат со помош на неколку етерични масла. Дури и ако редовно користиме крема за заштита и седиме под сенка, сепак сончевите зраци можат да ја изгорат кожата. Во такви ситуации, етеричните масла можат да помогнат во смирување на изгорениците и притоа да ја регенерираат оштетената кожа.rnrn
rn
Лаванда
rnЕтеричното масло од лаванда има многу позитивни лековити ефекти. Составот на ова есенцијално масло ја дезинфицира кожата и делува противвоспалително при што се забрзува процесот на зараснување и регенерација.rnrn
rn
Пеперминт
rnЕтеричното масло од пеперминт ја лади и освежува кожата. Тоа овозможува моментално олеснување на болката, ја омекнува кожата и го спречува нејзиното понатамошно сушење. Може да се примени директно на изгорениците.rnrn
rn
Камилица
rnЕтеричното масло од камилица се смета за одличен лек за изгореници, бидејќи содржи голема количина антиоксиданти. Ова масло се користи за најразлични проблеми со кожата, од изгореници до рани. Има антиинфламаторни и антибактериски својства, ја омекнува кожата и го забрзува процесот на заздравување на раните.rnrn
rn
Еукалиптус
rnЕтеричното масло од еукалиптус, исто така лади и има антиинфламаторно дејство. По употреба веднаш започнува процесот на регенерирање на кожата. Поради своите антибактериски својства ја штити кожата од можни инфекции.rnrn
rn
Пелагонија
rnЕтеричното масло од пелагонија се користи за најразлични кожни проблеми, како и за ублажување на изгореници. Неговиот антибактериски состав ја олеснува болката и го забрзува процесот на регенерација на кожата.rnrn
rnrnПрочитајте и како да ги излечите нарушувањата на тироидната жлезда со помош на неколку етерични масла.