Актерката Меган Морисон добива понуда за договорен брак со вредност од 10 милиони долари со најголемата холивудска ѕвезда
rn
Главни улоги: Кристин Евангелиста, Џош Хендерсон, Мајкл Вартан, Лекса ДоигrnrnЖанр: трилерrnrnКреатор: Џонатан АбрахамсrnrnПремиера: 5 март 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за ТВ серија што на прв поглед изгледа фиктивно, но ако внимателно ја загледате приказната, едноставно нема да можете да не забележите одредени настани од животот на Том Круз и Кејти Холмс, како и нивната поврзаност со скиентологијата. Иако не можеме да знаеме со сигурност дали тие се инспирацијата зад оваа приказна, бидејќи никој досега јавно не потврдил или одрекол, сепак случајностите се толку чести, што едноставно не може да станува збор за обични коинциденции. Дали ќе верувате во ова или не, останува на вас, а што се однесува до квалитетот на самата серија – без сомнение заслужува да ѝ се даде шанса!rnrn
rnrnНа почетокот ја запознаваме Меган Морисон (Кристин Евангелиста), холивудска актерка која едвај сврзува крај со крај. Таа работи како келнерка, постојано брза да стигне на аудиции, има момче музичар (за кој дознава дека бил неверен и му раскинува) и лудо се забавува со пријателките. Од друга страна го имаме и Кајл Вест (Џош Хендерсон), еден од најпознатите актери и најбараните ергени во Холивуд. Тој е решен да си најде сопруга, па затоа и им дозволува на неговите спиритуални пријатели да му помогнат во изборот така што организираат еден вид аудиција, каде што млади, однапред избрани актерки, не знаат дека се борат за една сосема различна улога.rnrn
rnrnЗа разлика од другите девојки, кои му изгледаат неприродно, Меган уште од првиот момент ќе му остави огромен впечаток на Кајл и тие ќе поминат еден забавен ден заедно, завршувајќи вечерта во кревет. Следниот ден, таа на работа ќе добие интересно писмо од него во кое се наоѓа понуда за договорен брак со цена од 10 милиони долари. Сите услови се опфатени, од нивното состанување и понудата за брак, до можноста за деца и развод. Меган на почетокот е ужасната и од самата помисла за договорен брак, но потоа ќе почне да ја согледува работата од малку поинаков агол… Што ќе се случи понатаму, останува да видите сами!rnrn