Нормално дека не може секоја секунда од денот да ви биде исполнета со насмевки и сонце. Ќе се соочувате со многу предизвици и одвреме-навреме ќе се чувствувате лошо. Без тие падови не би ги ценеле успесите, така што не очајувајте ако понекогаш животот ви е тежок. Наместо тоа, кога ќе ви се случува нешто што не ви се допаѓа баш, запаметете дека можете и од тоа искуство да научите нешто и да созреете. Важно е да го урамнотежите вашиот ум, така што нема да ѝ дозволите на негативноста да доминира со вашето размислување.rnrn
rn
Како да го направите тоа?
rnЌе се изненадите од тоа колку е всушност едноставно. Идејата потекнува од психијатарот Виктор Франкл кој говорел за процесот „од волја до смисла“. Тој предлага наместо ние да очекуваме нешто од животот, да се запрашаме што очекува животот од нас.rnrnВо нацистичкиот концентрационен логор тој бил сведок на човечката способност да пронајде смисла во животот, дури и во случај на најголема мака и патење. Тој го искористил неговото искуство за да изгради сопствен начин на психотерапија, позната како логотерапија.rnrnПоентата е следнава: Треба да се обидете да ја сфатите смислата на секој момент во животот, без оглед на тоа дали искуството е негативно, неутрално или позитивно.rnrnТрите магични збора кои ќе ви помогнат наредниот пат кога ќе почувствувате очај и пустош се: „Гледам смисла во…“rnrnОткако ќе ги изговорите овие зборови, обидете се ја да завршите реченицата со тоа што ќе пронајдете смисла во вашата ситуација. Без оглед на тоа колку лошо ви изгледа целата ситуација, секогаш постои ронка позитивност скриена во секој момент. Сѐ што треба да направите е да ја пронајдете.rnrnОвие три збора можат да ви помогнат да ги надминете мрачните времиња со кои се соочувате и подобро да го разберете планот што универзумот го има за вас.rnrnМорате да се запрашате: „Во овој момент, додека се соочувам со овие предизвици, што очекува животот од мене?“rnrnПонекогаш животот ќе очекува да бидете тажни и да тагувате поради вашата загуба, да почувствувате очај. Но, кога еднаш ќе сфатите дека постои смисла и во вашата мака, многу полесно ќе ја поднесете. Не ги заборавајте овие зборови и довршувајте ја реченицата секогаш кога ќе поминувате низ тежок период во животот.