Доколку прашате добар готвач кога стекот е подготвен, тој или таа без сомнение ќе ви каже „Кога ќе биде готов ќе почувствувате“. Но, не сите луѓе ја поседуваат оваа дарба кога станува збор за готвењето. Токму затоа погледнете го овој одличен трик со прсти кој ќе ви помогне секој пат да подготвувате совршен стек.rnrn
rn
1. Сиров
rnНаместете го вашиот прст на дланката, веднаш под палецот каде што треба да почувствувате мал мускул. Доколку не можете веднаш да го најдете местото, размрдајте ги прстите со цел да го почувствувате овој мускул. Откако ќе го најдете, притиснете. Токму така треба да делува стекот кога е сиров.rn
rn
2. Недопечен
rnЗа да откриете дали стекот е недопечен, тогаш чувајте го прстот на истото место на вашата дланка и допрете го палецот со вашиот показалец.rnrn
rn
3. Малку недопечен
rnАко сакате стекот да биде некаде помеѓу границата од недопечен и средно печен, тогаш сè уште чувајте го прстот каде што е, но со палецот допрете го вашиот среден прст.rnrn
rn
4. Средно печен
rnСредно печениот стек ќе има исто чувство на допир како и кога домалиот прст се допира со палецот.rnrn
rn
5. Добро печен
rnДоколку сакате добро подготвен стек, тогаш тој на допир ќе ви делува исто како кога се допираат вашиот палец и мал прст.rnrn
