Потребно е да поминувате време сами. На тој начин ќе можете да се опуштите, да ги наполните батериите и да уживате. Но, ако го правите ова премногу често, ќе почнете да се отуѓувате од вашите пријатели. Треба да знаете кога е време да излезете надвор, да ги видите пријателите или барем да ги поздравите соседите. Дружењето е од големо значење за вашето психичко здравје, бидејќи кога сте опкружени со луѓе, немате голема можност да заглавите во сопствените негативни мисли.rnrn
rnrnСепак, треба самите да одредите колку дружење ви е доволно. Не треба да се дружите онолку колку што се смета за општествено прифатливо, туку онолку колку што вам ви е потребно. Социјализирањето не подразбира само одење по дискотеки, клубови, кафулиња, концерти, театри и други културни настани. Можете да се социјализирате и ако волонтирате, отидете во музеј или ги посетите вашите роднини. Сите овие работи ќе ве извадат од дома, ќе ви ги прошират видиците и ќе ви помогнат да ги развиете вашите комуникативни вештини. Прочитајте ги следниве 11 интересни знаци дека не излегувате доволно…rn
1. Вашите пријатели престанале да ви се јавуваат
rnАко постојано сте ги одбивале сите неодамнешни покани, тогаш можеби сте забележале дека вашите пријатели не ви се јавуваат толку често. Сфатете го ова како знак за предупредување. Луѓето ќе престанат да ви се јавуваат и да ви праќаат пораки, бидејќи никој не сака постојано да добива „не“ како одговор. Секако дека не мора да заборавите на вашите обврски само поради еден телефонски повик, но многу е важно да ги негувате вашите пријателства со тоа што ќе се дружите повеќе.rn
2. Не можете да се сетите кога последен пат сте се дотерале
rnПогледнете го вашиот куп од валкани алишта. Дали гледате само пижами, тренерки и хеланки? Ако одговоривте потврдно, тоа е знак дека почнувате да се отуѓувате. Секако дека нема ништо лошо во тоа да носите удобна облека и да поминувате време сами, но важно е одвреме-навреме да се дотерате и да излезете во град.rn
3. Се чувствувате непријатно секогаш кога ќе излезете
rnАко не излегувате надвор доволно често, тоа може да влијае на вашата друштвеност. Ќе почнете да забележувате дека се однесувате чудно кога сте со вашите пријатели или дека сте необично нервозни. Тоа е знак дека треба поредовно да се социјализирате.rnrn
rn
4. Сите ваши разговори се вртат околу она што сте го гледале на телевизија
rnНормално е тоа што понекогаш сакате да разговарате за омилените серии и ТВ емисии, но доколку сите ваши разговори се вртат околу тоа, најверојатно не се дружите доволно. Ние сме дружељубиви суштества и човекот не може да опстане доколку го набљудува светот преку екраните. Ако и вие живеете затворени во телевизорот или немате доволно нови искуства, можеби е време да го промените тоа.rn
5. Помислата на тоа дека треба да излезете ве прави нервозни
rnАко имате проблеми со анксиозноста, веројатно мислите дека полесно е да останете дома. Но, на тој начин само ги влошувате работите. Треба да излезете и постепено да ги зголемувате вашите друштвени активности. Почнете со нешто едноставно како што е кафе со близок пријател. Тоа е одличен прв чекор.rn
6. Не сте расположени
rnКога сте нерасположени, се чувствувате осамени и демотивирани. Иако можете да правите многу продуктивни работи дома како што е вежбање, цртање, пишување, гледање документарци, многу е важно да го одржите контактот со вашите пријатели. Истражувањата покажале дека дружењето може да ја зголеми вашата креативност и да ги подобри мозочните функции.rn
7. Не паметите кога последен пат сте ги виделе пријателите во живо
rnСосема во ред е да ги одржувате пријателствата преку Фејсбук, но тоа не е замена за разговорот очи во очи. Токму затоа, треба да обрнете внимание на тоа колку време поминувате на социјалните мрежи. Ако сте онлајн два пати повеќе отколку што сте со вашите пријатели, време е да излезете од дома.rnrn
rn
8. Постојано се чувствувате депресивно
rnНедостатокот на дружење може лесно да доведе до појава на депресија кај повеќето луѓе, особено ако нивната изолација траела со недели. На луѓето им треба социјализација, така што обидете се да издвоите време за дружби.rn
9. Вашата сексуална желба е намалена
rnИзолацијата може да доведе до депресија, а еден од симптомите е намалена сексуална желба. Токму затоа, треба да обрнете внимание на ненадејниот пад вашето либидо. Тоа може да е знак дека треба да излегувате почесто и да поработите на вашите односи со луѓето.rn
10. Тешко ви е да го замислите животот од туѓа гледна точка
rnАко сметате дека вашите проблеми се во центарот на универзумот, време е да си ги проширите видиците. Социјалниот живот ни помага да ги погледнеме работите од друга перспектива. На тој начин ние можеме пообјективно да ги разбереме околностите во кои живееме. Без разлика дали ќе се видите со пријателите, ќе волонтирате или ќе поразговарате со соседите, сето тоа може да ви помогне.rn
11. Заборавате како да разговарате и да се шегувате
rnАко не паметите кога последен пат сте излегле во јавност, можеби ќе забележите дека не сте толку вешти во дружењето. Социјалните вештини се губат со текот на времето, доколку не ги употребувате редовно. Ако не се дружите, ќе ја изгубите вашата самодоверба, смисла за хумор па дури и блискоста со вашите пријатели.rnrnДоколку се пронајдовте во овие знаци, почнете да излегувате почесто и со сигурност ќе забележите огромна разлика во вашето расположение.rnrnПрочитајте ги и овие 15 знаци дека сте интроверт иако не се чувствувате така.