КАФЕ ПАУЗА

Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот

Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот

Кога го уредувате станот, покрај тоа што треба да внимавате при одбирањето на мебелот, бојата на ѕидовите и теписите, многу важна улога играат и завесите. Покрај тоа што тие мораат да бидат функционални, треба да внимавате и на одредени детали. Ова се неколку трендови кои е пожелно да ги следите без разлика дали имате мал или голем простор.rnrnОдберете завеси кои ќе му дадат свежина на домотrn

Материјали

rnСо одбирањето на материјалот за завеси не можете да погрешите. Проѕирни, непровидни, лесни или тешки, на пазарот се нудат голем број материјали кои се достапни за повеќето луѓе.rnrnДоколку имате мал простор, најдобро е да одберете проѕирни завеси во посветла боја за да може светлината да продира низ нив.rnrnВо поголемите простории најдобро е да си поиграте со два вида ткаенина, проѕирна за во средината и потешка и набрана за краевите, која ќе служи како драпер.rnrnОдберете завеси кои ќе му дадат свежина на домотrn

Дезени

rnИнтересните дезени секогаш можат да му дадат поинаква димензија на домот, но при нивниот избор треба да бидете внимателни. Доколку имате еднобоен мебел, тогаш слободно можете да експериментирате со дезени. Пробајте да експериментирате со материјали со пруги, точки или цветови. Сепак, доколку на мебелот веќе имате дезени, тогаш одиграјте ја побезбедната варијанта и одберете еднобојни завеси.rnrnОдберете завеси кои ќе му дадат свежина на домотОдберете завеси кои ќе му дадат свежина на домотrn

Бои

rnТокму како и кај облеката, оваа година многу се популарни жешките бои. Портокаловата, зелената, виолетовата и жолтата се само неколку бои кои совршено се вклопуваат со дрвени, мазни, лакирани, стаклени и метални површини во домот.rnrnНе потценувајте ја белата боја, бидејќи таа повторно се враќа во мода. Белата боја на малите простории ќе им додаде елеганција.rnrnДоколку имате големи простории во кои доминира дрвениот мебел, тогаш најдобро е да се одлучите за пастелни или земјени тонови.rnrnОдберете завеси кои ќе му дадат свежина на домот Одберете завеси кои ќе му дадат свежина на домотrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.