Нектарините се вкусни плодови кои, заедно со сливите и праските, припаѓаат на семејството рози (rosaceae). Всушност, тие на изглед се многу слични на праските, освен што немаат влакненца на површината на лушпата. Покрај нивниот одличен вкус, консумирањето нектарини е исклучително добро и за нашето здравје. Тие нудат широк спектар на моќни антиоксиданти и фенолни соединенија, како и диететски влакна.rnrn
rnrnВитаминското богатство на нектарините вклучува: витамин А, витамин Б1, витамин Б2, витамин Б3, витамин Б6, пантотенска киселина, фолна киселина, витамин Ц, витамин Е и витамин К. Нектарините се одличен извор и на калиум и на други минерали, како што се фосфорот, магнезиумот и железото. Исто така, нешто што е многу битно, тие немаат штетен холестерол.rnrnВо продолжение, прочитајте за здравствените придобивки од редовната консумација на нектарини.rn
1. Антиоксидантна одбрана
rnНектарините имаат одлична антиоксидантна моќ бидејќи содржат голема количина полифеноли, витамин Ц и каротиноиди, како што се бета-каротинот и криптоксантинот. Овие заштитни антиоксиданти се борат против слободните радикали и помагаат во неутрализирање на штетните ефекти што ги произведуваат слободните радикали.rn
2. Ги намалуваат проблемите со дебелината
rnИстражувачките студии покажале дека нектарините содржат биоактивни соединенија како што се антоцијани, катехин, хлорогена киселина и деривати на кверцетин, кои имаат способност да се борат со медицинските состојби поврзани со дебелината, како што се дијабетесот и срцевите нарушувања. Овие соединенија може да ја намалат оксидацијата на лошиот холестерол што се јавува при срцеви заболувања поврзани со дебелината.rn
3. Го подобруваат здравјето на очите
rnНектарините содржат лутеин, важна хранлива материја која придонесува за здравјето на очите и го намалува ризикот од појава на макуларна дегенерација, болест која се јавува со стареењето. Тој е, исто така, многу моќен антиоксидант кој помага во намалување на ризикот од нуклеарна катаракта. Покрај тоа, бета-каротинот во нектарините ја стимулира синтезата на витамин А, придонесува за одржување на здравиот вид и спречува болести како слепило и ксерофталмија (синдром на суво око).rn
4. Спречуваат хипокалемија
rnНектарините содржат калиум кој е од суштинско значење за правилно функционирање на нервните и клетките. Калиумот помага во синтезата на протеините, функционирањето на мускулите, го одржува балансот на електролитите и оптимално ги користи јаглехидратите, а ги стимулира и метаболичките процеси. Недостатокот на калиум во телото може да доведе до нарушувања како што е хипокалемија, која може да го загрози здравјето на мускулите и да предизвика кардијална аритмија.rn
5. Го подобруваат здравјето на срцето
rnРедовната консумација на нектарини може да биде корисна за одржување на кардиоваскуларното здравје. Хлорогената киселина и антоцијаните присутни во нектарините ја спречуваат оксидацијата на лошиот холестерол, оневозможуваат да дојде до врзување на артериите и ја поттикнуваат правилната циркулација на тромбоцитите. Исто така, флавоноидите во нектарините помагаат да се намали ризикот од артериосклероза.rn
6. Ја спречуваат појавата на рак
rnНектарините содржат хлорогена киселина, природно соединение од кое може да имаме многу здравствени придобивки, вклучувајќи го и спречувањето на појавата на разни тумори и рак. Истражувањата покажуваат дека хлорогената киселина има хемопротефни својства кои го спречуваат ширењето на карциногенезата на дебелото црево. Исто така, научно е докажано дека бета-каротинот, кој е присутен во нектарините, има улога во борбата за заштита од рак на белите дробови.rn
7. Го зајакнуваат имунитетот
rnБогатството на антиоксиданти, како што се витаминот Ц, цинкот и другите заштитни фенолни соединенија во нектарините, ја зголемува способноста на телото да се бори против разни инфекции.rn
8. Придонесуваат за здрав изглед на кожата
rnБиофлавоноидите присутни во нектарините придонесуваат и за нега на кожата. Антиоксидантните компоненти како што се витаминот Ц, лутеинот и бета-каротинот имаат заштитен ефект. Бетакротинот, кој во организмот се претвора во витамин А, ја штити кожата од штети предизвикани од изложеноста на УВ-зраците. Витаминот Ц придонесува за синтезата на колагенот во организмот, помага да се задржи ткивото цврсто и го одржува младешкиот изглед на кожата.rn
9. Помагаат при варењето на храната
rnПрисуството на диеталните влакна и алкалната природа на нектарините се нешта кои ги прават совршени за одржување на дигестивното здравје. Содржаните влакна во нектарините апсорбираат вода, го регулираат празнењето на дебелото црево и ги спречуваат проблемите како што се гастритис, запек и чиреви.rn
10. Здрави клетки
rnНектарините содржат фосфор, клучен минерал за нормалното функционирање на клетките и ткивата. Тој го одржува здравјето на клетките и помага при нивното обновување. Исто така, тој е клучен за формирање цврсти заби и коски, помага во варењето на јаглените хидрати и мастите, како и во функционирањето на бубрезите, мускулните контракции, нормаланта работа на срцето и во нервната комуникација. Исто така, во нектарините има и железо, кое пак помага во формирање на хемоглобинот во црвените крвни зрнца и општо придонесува за раст и развој.rnrnПредупредување: Семката од нектарините содржи мала количина цијаноген кој при обработката во организамот се претвора во цијанид. Иако ретко, претераниот внес на овие семки може да доведе до труење со цијанид. Исто така, семките можат да предизвикаат гушење кај малите деца доколку се обидат да ги голтнат. Покрај овие знаци на предупредување кои се однесуваат на семката на плодот, нектарините се безбедни за консумирање и немаат познато алергено дејство.rnrnМожеби ќе ве интересира и за здравствените придобивки од грозјето.
