КАФЕ ПАУЗА

Дигитално пенкало кое црта на хартија

Дигитално пенкало кое црта на хартија

Луѓето кои се занимаваат со креативна работа не ги сакаат ограничувањата кои им ги поставува технологијата. Но и покрај тоа, илустраторите мораа да се навикнат да работат на табли за цртање, дизајнерите да го изработат на компјутер она што претходно веќе го претставиле на хартија, а менаџерите да ги пренесуваат своите планови скицирани за време на состаноците во дигитална форма. Какво губење на драгоцено време…Дигитално пенкало кое црта на хартијаInkling од компанијата Wacom e производ кој претставува спој од хардверски и софтверски елементи, што им овозможува на корисниците да цртаат на хартија, а дигиталниот еквивалент од скицата да го добијат за само неколку секунди на својот компјутер. Ова би можело да биде решение на многумина и дефинитивно значајна заштеда на време во иднина.Дигитално пенкало кое црта на хартијаИновативниот гаџет се состои од пенкало и рисивер кој се прикачува на саканото парче хартија. Пенкалото користи технологија за осетливост на притисок, па различниот степен на притискање на уредот врз хартијата, подоцна ќе се прикаже и во дигиталниот формат на делото. Рисиверот го собира нацртаниот материјал и потоа преку USB го пренесува на компјутер за понатамошна обработка.Дигитално пенкало кое црта на хартија Дигитално пенкало кое црта на хартијаInkling доаѓа со софтвер кој овозможува додавање, бришење и едитирање на одредени слоеви од скицата, која финално може да се зачува во бројни графички формати. И секако, сето ова би било залудно ако вашиот креативен труд не можете да го обработите во вашата омилена апликација за работа. Дали е тоа Фотошоп, Илустратор или Скечбук дизајнер на Аутодеск, сеедно. Преносот на фајловите е возможен во секоја од овие три популарни апликации.Дигитално пенкало кое црта на хартијаInkling ќе биде достапен од средината на септември по цена од 200 американски долари.

rnrn

rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.