Една од нашите најомилени социјални мрежи, Пинтерест, токму сега лансира проект наречен „100 Report“ – есенцијална листа на топ трендови кои најмногу ќе ги пребаруваме, споделуваме и ќе ги обожаваме во 2017-та година. Ние ги одбравме 10-те најдобри и тоа од различни животни подрачја – мода, фитнес, дизајн, здрава исхрана…rn
1. Повеќе висечки билки
rnВисечките билки се неодоливи и дефинитивно најавени како еден од водечките трендови во 2017-та година. Секако, се подразбира дека во просторијата треба да имате доволно сончева светлина.rnrn
rn
2. Нангка како алтернатива на месо
rnОваа моќна намирница содржи витамини, минерали, фитонутритиенти, влакна, добри маснотии и протеини (без трошка холестерол или заситени масти).rnrn
rn
3. Концепт „HYGGE“
rnЈа пронајдовме тајната на среќата и се нарекува „hygge“. Овој дански збор во превод значи чувство или расположение што настанува од искреното задоволство во правењето обични, секојдневни моменти позначајни, прекрасни или посебни. Станува збор за Данска филозофија за барање на среќата каде било ѝ да е.rnrn
rn
4. Лечење со кристали
rnЛечењето со природни елементи кои се наоѓаат околу нас и не е толкав новитет. Но, користењето на енергијата од кристалите може да биде нешто што во следната година ќе го гледаме повеќе од кога било порано.rnrn
rn
5. Металик нокти
rnИднината пристигна и веќе се заљубивме во неа – ви ги претставуваме металик ноктите со висок сјај. Изберете розово златна нијанса ако се чувствувате посебно авантуристички.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за останатите 5 трендови…rn
