КАФЕ ПАУЗА

7 вештини за преживување од акционите филмови кои е добро да ги знаете

Written by

in

,

Живееме во време каде што сè е возможно, време каде што навистина е можно да се најдете во сценарио од некој акционен филм. Најдобриот, или најлошиот дел е што не можете да знаете кога ќе се случи нешто неочекувано. Но ако се случи нешто такво, подобро е да бидете подготвени. Погледнете неколку трикови од филмовите кои можеби навистина ќе ви се најдат.rn

1. Извадете ги лисиците со чкорче

rn(1)7-veshtini-od-akcionite-filmovi-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnОваа вештина ќе ви помогне да ги извадите кои било лисици, без разлика дали сакате да ги импресионирате вашите пријатели или навистина имате потреба од тоа. Сè што ви е потребно е едно чкорче. Прво израмнете го, а за ова можете да ги искористите и вашите заби. Потоа ставете го во дупката како на фотографијата и ќе бидете ослободени.rn

2. Криење вредни нешта

rn(2)7-veshtini-od-akcionite-filmovi-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnАко имате пари или некои вредни документи кои треба да ги сокриете, оваа идеја е одлична. Потребен ви е стол, чекан, неколку шајки и гумен ластик. Свртете го столот наопаку и заковајте ги шајките во форма на кутија. Малку искривете ги врвовите на шајките. Поставете го ластикот како на фотографијата и ставете ги парите под него.rn

3. Ослободете се од пластична стега

rn(3)7-veshtini-od-akcionite-filmovi-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnНа филмовите сигурно имате видено дека ги користат овие стеги како лисици. Тие ги стискаат рацете премногу близу една до друга, па изгледа невозможно да се ослободите од нив. Но ова не е така. Сè што треба да направите е да ги кренете рацете над вашата глава а потоа брзо да ги спуштите доле. Додека ги спуштате раширете ги колку што можете повеќе. Ова може да ви предизвика болка, но веднаш ќе ја скинете стегата.rn

4. Испратете тајна порака

rn(4)7-veshtini-od-akcionite-filmovi-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnЌе ви бидат потребни лист хартија, бела боичка и маркер. Напишете ја пораката со боичката, и хартијата ќе изгледа како да е празна. Кога некој ќе сака да ја прочита, ќе треба само да го обои листот со црн маркер.rn

5. Поставете „обезбедување“ на вратата

rn(5)7-veshtini-od-akcionite-filmovi-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnАко сакате да проверите дали некој ви влегувал во собата, а немате опрема за тоа, овој трик ќе ви се најде. Потребно ви е парче самолеплива трака и конец. Залепете го конецот така што малку ќе виси над вратата. Кога некој ќе ја отвори или затвори вратата, конецот ќе се фати на неа.rn

6. Напишете кодирана порака

rn(6)7-veshtini-od-akcionite-filmovi-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnАко сакате да пратите кодирана порака, можете да го користите овој едноставен метод. На фотографијата е на англиски, но можете да го направите истото и со македонски букви. Во еден ред напишете ги буквите од А до Љ. Веднаш под тој ред допишете ги буквите од М до Ш. Потоа секоја буква заменете ја со онаа над или под неа. Зборот „здраво“ би бил „ќпѓмњг“.rn

7. Водоотпорни чкорчиња

rn(7)7-veshtini-od-akcionite-filmovi-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnОние кои редовно одат на планинарење знаат колку им се потребни водоотпорни чкорчиња. Нема ништо полошо од тоа да планинарите неколку часа на дожд, а потоа да немате чкорчиња да запалите оган кога ќе стигнете до кампот. Сè што треба да направите е да им ставите лак за нокти или восок на чкорчињата. Можете да го нанесете на целото чкорче, или само на врвот.rnrnПогледнете ги и овие совети и трикови за преживување опасни ситуации.