Дали постојано ги триете очите и ги грицкате ноктите? Или пак сте од оние кои го користат ракавот од маицата за да отворат врата? Факт е дека бактериите се насекаде и нема да можете целосно да ги одбегнете колку и да се трудите. Меѓутоа, постојат неколку секојдневни навики кои сите ги правиме понекогаш, без да бидеме свесни колку се одвратни. Станува збор за едноставни работи кои лесно би можеле да бидат одбегнати, бидејќи не бараат никакви поголеми промени во начинот на живот. Па, за што точно станува збор? Во продолжение дознајте кои се најодвратните секојдневни навики…rnrn
rn
1. Одново ја користите шолјата за кафе
rnЕдно истражување од Универзитетот во Аризона открило дека 20% од шолјите за кафе што се користат во канцелариите имаат фекални бактерии, додека, пак, 90% од нив содржат други различни бактерии. Уште пострашно е тоа што овие бактерии можат да живеат на шолјите цели 3 дена! Најдобро е да си носите чиста шолја од дома или добро да ја измиете канцелариската шолја пред ја употребите.rnrn
rn
2. Заборавате да го смените валканиот сунѓер за миење садови
rnСигурно и самите знаете дека нема ништо полошо од стар сунѓер, но дали сте навистина свесни колку е тоа страшно? Некои истражувања откриле дека валканиот сунѓер може да биде 200.000 пати понечист од тоалетната шолја и може да содржи по 10 милиони бактерии на секој сантиметар квадратен. Сунѓерите ви ги допираат рацете, лавабото, садовите, приборот за јадење… Не заборавајте редовно да ги менувате сунѓерите!rnrn
rn
3. Не внимавате каде го ставате мобилниот телефон
rnСигурни сме дека не би сакале да имате контакт со тоалетна шолја, но дали знаете дека нашите мобилни телефони можат да содржат исто толку бактерии? Овие видови бактерии можат да предизвикаат инфекции на очите, дијареа и настинка. Но, за среќа, постои едноставно решение за овој проблем: Најдете чистач за телефони на база на алкохол. И искрено сите би требало да престанеме да ги носиме телефоните во тоалет иако сакаме да имаме занимација додека сме таму.rnrn
rn
4. Ги грицкате ноктите
rnИако сите знаеме дека ова е лоша навика, сепак не сме свесни колку е навистина штетна. Преку грицкањето на ноктите можете да внесете најразлични бактерии во устата и да се изложите на ризик од настинка и други болести.rnrn
rn
5. Спиете на истата навлака за перница
rnИстражувачите од државниот универзитет во Северна Каролина побарале од испитаниците да земат брис од различни делови од нивниот дом и дошле до шокантно откритие. Тие не можеле да направат разлика меѓу брисовите од навлаките за перница и тоалетната шолја. Ако ви требаше мотивација почесто да ја перете постелнината, ова би требало да ви послужи.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за да видите кои се останатите одвратни навики на кои треба да внимавате…rnrn