Многу пати сакаме да направиме некаква промена со нашата коса, да ја скратиме, да ја бојадисаме или сосема да ја смениме формата и начинот на кој вообичаено ја носиме. Сепак, разните третмани ја оштетуваат косата и поради тоа тешко е да порасне, а притоа да го задржи сјајот и живоста на тазе потшишаната коса.rnrnОва е еден домашен рецепт, кој го споделува професионалката за коса Ноел Спикс. Доколку го користите редовно, барем еднаш до двапати неделно, веќе за месец дена ќе ја забележите разликата.rnrnСо овој третман ќе го подобрите квалитетот на вашата коса од коренот сè до врвовите. Погоден е за сите видови коса.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- Бел дестилиран оцет
- Рузмариново масло
- Кокосово масло
- Капа за туширање
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Постапка:
rn1. Проблемот е во тоа што не ја масираме доволно косата. Масажата на скалпот е неопходна во овој процес. На чиста измиена коса, потсушена само со пешкир, ставете бел дестилиран оцет и масирајте 15 минути со врвот на прстите. Употребете околу 120 мл.rnrn2. Не мијте ја косата. Земете една лажица масло од рузмарин и масирајте ја главата насекаде. Доколку сакате да ја згуснете косата, ставете уште една лажица. Масирајте го скалпот темелно и без брзање.rn
- rn011
- Дестилираниот бел оцет е природен продукт за раст на косата кој помага и за нејзино темелно чистење.
- Маслото од рузмарин пак, ја стимулира циркулацијата што води до здраво растење на косата.
rn011
rn
rn3. Сè уште не мијте ја косата. Сега, откако го третиравте скалпот, употребете го кокосовото масло за да ја масирате косата по нејзината должина. Ставете малку на рацете, размачкајте го и нежно нанесувајте по целата должина на косата, почнувајќи од 3 прсти од коренот, па сè до долу. Не претерувајте со кокосовото масло бидејќи тешко се измива. Како алтернатива може да се користи и маслиново масло, но ефектот со кокосовото е подобар.rnrn4. Ставете капа за туширање и преспијте ја така ноќта. Ќе чувствувате скокоткање и свежина.rnrn5. Нежно измијте ја косата со шампон наредното утро и не ставајте никакви маски или кондиционери, бидејќи нема да има потреба.rnrnПовторувајте ја постапката еднаш или двапати неделно, зависно од состојбата во која се наоѓа вашата коса и за еден месец ќе забележите разлика, додека за 6, вашата коса ќе ја добие еластичноста и здравиот изглед.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
