КАФЕ ПАУЗА

Доколку сте еден за друг, овие 10 работи никогаш нема да можат да ве разделат

Кога е вистинската љубов во прашање, не постојат многу работи кои се несовладливи. Можеби вистинската љубов со силни емоции, не може да се избори со некои тешки препреки, но со овие секако би требало. Немојте да бидете злопамтило, бидејќи тоа нема да донесе ништо добро за вас и вашиот партнер. Решете ги сите несогласувања веднаш и продолжете понатаму без „багаж“. Доколку навистина сте еден за друг, овие 10 работи никогаш нема да можат да ве разделат.rnrn1-dokolku-ste-eden-za-drug-ovie-10-raboti-nikogash-nema-da-mozhat-da-ve-razdelat-www.kafepauza.mk_rn

1. Големи очекувања

rnАко навистина сака да биде со вас, вашиот партнер ќе се обиде да напредува за да ги исполните сите ваши (реални) очекувања. Нема да биде мрзлив и ќе има волја да вложува напор за да ја зацврсти вашата врска. Едноставно, ќе посака да биде подобра личност покрај вас.rn

2. Ирационални стравови

rnАко е вистинскиот за вас, тој ќе ви помогне да се смирите доколку сте уплашени заради нешто. Нема да ве обвинува дека заради нешто сте ја изгубиле главата. Тој ќе ви помогне да ја совладате таа криза.rn

3. Долго минато

rnСте лажеле, сте „влечеле“ некого за нос, сте изневерувале. Сите во своето минато правеле некои работи за кои не се горди, но кога ќе се појави вистинскиот, сето тоа се остава зад себе. Во врската полна со љубов и доверба нема место за овој „куфер“ од минатото.rnrn2-dokolku-ste-eden-za-drug-ovie-10-raboti-nikogash-nema-da-mozhat-da-ve-razdelat-www.kafepauza.mk_rn

4. Чуден карактер

rnСите тие глупости кои ќе ги кажете би требало да прават вашиот партнер да ве сака повеќе, а не помалку. Ако не ја сака вашата чудна смисла за хумор, тогаш не ве сака ниту вас. Заради тоа е подобро да пронајдете личност на која ќе ѝ се допаѓаат работите кои се својствени за вас, така што не морате да размислувате што ќе направите следно или што да изговорите, од страв да не бидете сфатени погрешни.rn

5. Необично семејство

rnВашиот партнер не би требало да се плаши од вашите најсакани, без разлика какви се тие. Ако врската е сериозна, тој мора да го разбере тоа, бидејќи сите имаат по некоја „црна овца“ во семејството.rn

6. Силни емоции

rnНе би требало да се воздржувате за да му кажете на вашиот партнер како се чувствувате. Ако е тоа она вистинското, тогаш вашата врска би требало да биде само поцврста кога сте отворени и искрени. Доколку тој бега секојпат кога ќе му кажете како навистина се чувствувате, тогаш вашата врска нема да потрае долго.rn

7. Физички изглед

rnАко ве остави откако сте добиле некој килограм повеќе, тогаш очигледно дека му е грижа само за вашето тело. Ако тоа е вистинска љубов, тогаш нема да се грижи за вагата сè додека вие се чувствувате добро.rnrn3-dokolku-ste-eden-za-drug-ovie-10-raboti-nikogash-nema-da-mozhat-da-ve-razdelat-www.kafepauza.mk_rn

8. Цврсто мислење

rnМислењата се секогаш важни, дури и кога сте дијаметрално спротивни. Вие слушате поп, тој хард рок – нема место за расправија, компромисот е решение.rn

9. Финансиски проблеми

rnБез разлика дали вие или вашиот партнер сте шворц, тоа секако внесува стрес во врската. Ако навистина сакате вашата врска да успее, морате заедно да штедите пари. „Тркалото на среќата се врти“, а истото важи и за финансиската ситуација на двајцата партнери.rn

10. Лутење

rnДовербата и комуникацијата се важни. Но, опростувањето е уште поважно. На секого му се случува да погреши, дури и на совршениот партнер. Немојте да бидете злопамтило, бидејќи тоа нема да ви донесе ништо добро. Решете ги сите проблеми што ги имате и продолжете понатаму без никаков „товар“.rnrnЗа да опстане вашата љубов, треба да ја негувате, а паровите кои вистински се сакаат никогаш не престануваат да ги прават овие работи.