КАФЕ ПАУЗА

Видови „фејсбукери“

Видови Фејсбукери

Во последниве неколку години Фејсбук стана голем дел од нашите животи. Со нашите пријатели постојано споделуваме слики, интересни статуси, музика… Поголемиот дел од нас не може да помине ни еден ден без барем на брзина да провери да не има нешто ново на профилот. Сепак, различни луѓе различно ја доживуваат оваа социјална мрежа, но можат да се забележат неколку групи на пријатели кои сите ги имаме. rnrnВидови ФејсбукериrnrnЕве една интересна поделба во која сигурно ќе препознаете барем еден ваш пријател:rnrnРанобудникот смета дека негова работа е секое сабајле прв да напише „добро утро“ на својот ѕид, а потоа чека да види кој прв ќе одговори.rnrnДемначот никогаш не пишува постови, ниту пак одговара на вашите, но секогаш чита сè за сите… може и да искоментира на некој ваш пост, но тоа ќе биде во четири очи.rnrnСмајли – обично не пишува ништо посебно, но затоа пишува „хахаха“  на сè на што ќе налета.rnrnГосподин популарен и госпоѓа популарна – има 4999 пријатели и секојдневно менува слика средена во Фотошоп на која има минимум педесетина лајкови и десетина коментари.rnrnГејмерот ги игра сите можни игри на Фејсбук и од него постојано добивате нови покани да му се придружите во игри чиешто име не можете ни да го изговорите.rnrnМузичарот на секои десетина минути постира ново музичко видео на неговиот ѕид, до кој вие немате пристап за да не ја нарушите неговата плејлиста.rnrnЦиник – тој е незадоволен од својот живот и од сè што е поврзано со него и секојдневно го повторува ова преку неговите статуси.rnrnКолекционерот не е заинтересиран за вашите статуси или слики, но затоа е член на секоја група и фан е на секоја страница.rnrnПромотерот е запознаен со сите забави и настани во градот и секако ви испраќа барем две покани дневно кои вие најчесто ги игнорирате.rnrnЛајкер – ретко кога коментира, но неговиот лајк се среќава на сите ваши слики и постови.rnrnКралот/кралицата на драмата – оваа личност секогаш пишува постови како „леле не ми се верува што се случи“ или „ќе ме полудат“ и со нетрпение чека да ја прашате за што се работи…rnrnИнформаторот секогаш пишува каде е, со кого е и што прави во тој момент, без разлика колку безначајно ви звучи тоа вам.rnrnПаметниот секојдневно споделува цитати од познати физичари, математичари, филозофи, психолози…rnrnУметникот има само една слика од себе колку да го препознаете, но покрај неа има и дваесетина албуми со неверојатни слики што не можете да ги видите на друго место.rnrnКрадецот секојдневно краде статуси и интересни слики од вашите профили, притоа секако јавно ви се извинува за сторениот криминал.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.