КАФЕ ПАУЗА

Јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели

Јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели

Јапонската диета со банани не е комплицирана, евтина е, а во зависност од вашата тежина, може да ви помогне да изгубите два до десет килограми за помалку од две недели. Ова можеби не звучи како голема гаранција, но сите се повикуваат на искуството на креаторите на оваа диета.rnrnЈапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две неделиrnrnИмено, Сумико Ватанабе, фармацевтка од Осака, го смислила овој едноставен план на исхрана за да му помогне на својот сопруг да го забрза метаболизмот и да се избори со прекумерната тежина. Наводно, тој изгубил дури 17 килограми за само неколку недели.rnrnПравилата за овој начин на исхрана се многу едноставни.rnrnЗа појадок треба да јадете банани со 1-2 чаши вода на собна температура. Може да јадете повеќе од една банана, но не претерувајте ако една ви е доволно. Јадете ги бананите свежи, без готвење, замрзнување и додавање јогурт или мусли.rnrnВодата што ја пиете мора да биде на собна температура и не смее да биде студена.rnrnШто се однесува до другите оброци, нема специфични препораки за тоа што треба да јадете за ручек или вечера, нема броење калории и практично нема забранета храна. Важно е само да јадете помали порции и никогаш да не се прејадувате. Престанете кога ви е најслатко и обидете се да се држите до здравата храна.rnrnЌе мора да се откажете од десертите, а не се препорачуваат ниту алкохолни пијалаци, сокови и кафе. Ако навистина чувствувате потреба за слатки, по 15 часот можете да јадете еден ред чоколадо или некое овошје.rnrnНе јадете по 20 часот, но би било идеално да ги завршите оброците до 18 часот. Диетата се држи 7 или 14 дена.rnrnПрочитајте што претставува алкалната диета и дали навистина функционира.