КАФЕ ПАУЗА

20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

Постојат толку многу жени кои го менуваат светот, ги поместуваат границите и ја прават планетава подобро место за живеење. Списанието „Time“ решило да им посвети посебно внимание на овие дами во нивниот најнов проект „Први“ (Firsts). Проектот ги вклучува жените кои први постигнале нешто значајно во нивната област. Некои од нив се добро познати, како што се Опра Винфри и Арета Френклин, но има и жени за коишто сигурно не сте чуле, а би требало да ги знаете. Фотографиите биле направени со ајфон од страна Луиза Дор, 22-годишна фотографка од Бразил. Погледнете ги жените кои ги срушиле стереотипите и успеале да го сменат светот…rn

1. Ајлин Колинс – Првата жена која управувала со вселенски шатл

rn20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата областrnrnКолинс станала астронаут во 1991 година и била пилот или командир на 4 вселенски летови пред да се пензионира од НАСА во 2006 година.rn

2. Серена Вилијамс – Првата тенисерка која победила на 23 Гренд слем турнири во поединечна конкуренција во отворената ера на тенисот

rn20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата областrnrnВилијамс, која професионално игра тенис од 1995 година, има освоено 72 поединечни титули и 4 Олимписки медали.rn

3. Елен Деџенерис – Првата геј личност која се појавила на телевизија во ударен термин

rn20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата областrnrnДеџенерис, ТВ водителка и комичарка, која има добиено награда Еми, ја води нејзината популарна емисија уште од 2003 година.rn

4. Илхан Омар – Првата муслиманка од Америка со сомалиско потекло која станала законодавец

rn20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата областrnrnОмар била избрана на 8-ми ноември, 2016 година како претставник на Минеаполис.rn

5. Силвија Ерл – Првата жена која станала главен научник на американската Национална администрација за океани и атмосфера

rn20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата областrnrnЕрл е претседателка на „Mission Blue“, организација која се залага за законска заштита и зачувување на светските океани.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn