КАФЕ ПАУЗА

10 едноставни трикa за поцврсти и поздрави нокти

Ноктите се огледало на секој човек. Многу жени одат на маникир и на педикир за да ги доведат до совршенство. Но, постојат и неколку едноставни трикови, коишто можете да ги применувате дома. Со малку труд ќе добиете прекрасни здрави и цврсти нокти.rnrn(1) 10 едноставни трикa за поцврсти и поздрави ноктиrn

1. Натопете ги во маслиново масло

rnСлабите и оштетени нокти натопете ги во квалитетно маслиново масло. Така држете ги околу 10 до 15 минути, секој ден во период од еден месец. Потоа, продолжете со истиот третман, но два пати неделно. Неверојатните состојки во маслиновото масло ќе ги зацврстат вашите оштетени и излупени нокти.rnrnСпоред д-р Венџау Сунг, примената на растителни масла ја враќа влажноста и ги отстранува причините за пукање на ноктите. Според експертот од Лос Анџелес, маслата продираат подлабоко во подлогата на нокотот и на тој начин ја обезбедуваат потребната влажност.rn

2. Секојдневно користете крема за нокти

rnДенес на пазарот можат да се најдат голем број креми специјално создадени за одржување на здравјето на ноктите. Најдете една којашто најмногу ви одговара и користете ја редовно. Најдобро е добро да ги премачкате ноктите пред спиење. На тој начин ноктите и делот околу нив ќе ги добијат потребните материи кои ќе ги зацврстат и заштитат од дневните активности.rn

3. Внимавајте како и за што ги користите вашите нокти

rnСекогаш имајте на ум дека вашите нокти не се отворач за конзерви и други цврсти материјали. Наместо со нив, бидете паметни и искористете некој друг предмет за отворање на лименките.rn

4. Носете заштитни ракавици

rnКога миете садови, кога чистите или ја средувате градината, секогаш носете ракавици. Средствата за чистење при директниот контакт, ги оштетуваат вашите нокти и тие веднаш добиваат некоја белузлава боја, стануваат рапави и набрзо пукаат и се раслојуваат.rnrnД-р Елизабет Танци од Одделот за дерматологија на Медицинскиот центар при Универзитетот Џорџ Вашингтон, посочува дека најдобра заштита на нашите нокти е всушност да избегнуваме нивно сушење. Според неа, врз здравјето и квалитетот на нашите нокти, во голема мера влијаат и силните антибактериски сапуни за миење раце. Таа советува да се користат нежни средства за миење раце. Пред спиење е добро да се нанесува лесна крема којашто ќе ги освежи нашите дланки и нокти.rn

5. Јадете храна богата со витамин Б7

rnНоктите се одраз на нашето внатрешно здравје. Затоа, доколку забележите влошување на нивниот изглед, побарајте лекарска помош. Исто така, многу е важно да се внесува доволно количество витамин Б7, којшто го има во џигерот, варените јајца, житарките, карфиолот, авокадото и во друга храна. Исто така, доколку е потребно, можете да го консумирате и како додаток во исхраната.rnrn(2) 10 едноставни трикa за поцврсти и поздрави ноктиrn

6. Земајте мултивитамини

rnВитамините се од суштинско значење за општата здравствена состојба на човечкото тело, а истовремено можат да направат чуда и за вашите нокти. Недостиг на витамин А, витамин Ц и калциум, доведуваат до суви и кршливи нокти. Обезбедете си ја дневната доза од овие витамини и калциум, а освен како додатоци, можете вашето мени да го збогатите со храна која изобилува со протеини.rn

7. Избегнувајте ги вообичаените отстранувачи на лак

rnДоколку сакате здрави и цврсти нокти, не употребувајте од вообичаените отстранувачи на лакови кои содржат ацетон повеќе од два пати во месецот, секако доколку е можно. Најдете некоја алтернатива, а на пазарот денес можат да се набават средства од природни состојки.rn

8. Најдете си „магичен“ третман

rnПотрудете се да сфатите што е тоа што најмногу им штети на вашите нокти, кога се тие најранливи и најкршливи. Според тоа, најдете си свој третман, којшто ќе го применувате редовно. Ноктите се специфични и различни кај секој човек. Затоа гледајте ги нив и тие самите ќе ви кажат што им одговара најмногу. Можете да направите различни состојки дома, а може и да најдете средства и креми кои совршено ќе се погрижат за изгледот и квалитетот на вашите нокти.rn

9. Масирајте ги ноктите и прстите

rnПреку масажата се стимулира протокот на крв во тој, краен дел од нашето тело, со што се овозможува ноктите да растат подолги и поцврсти. Исто така, се препорачува по миењето на рацете да се нанесува лесен лосион на дланките, кој преку лесна масажа ќе се впие во делот околу ноктите и ќе ја обезбеди потребната влажност.rn

10. Пијте многу вода

rnВодата е витална за здравјето на секој дел од нашето тело, па така и на ноктите. Водата не дозволува дехидрација на нашата кожа, како и на делот околу ноктите.rnrnДоколку во моментов вашите нокти се оштетени, го немаат потребниот сјај и не изгледаат добро, не очајувајте. Со примена на горенаведените совети, како и со консултација на стручни лица, може да добиете совршени и цврсти нокти во период од три до шест месеци.