Азијките се познати по нивниот младешки изглед. Главна улога во тоа имаат нивната мотивација и желбата да изгледаат убаво и над 50 години. Обидете се да примените дел од нивните навики за и вие да изгледате помладо.rn
1. Оризова вода
rnТаа е позната состојка во многу јапонски и кинески производи за нега на кожа, бидејќи се користи против стареење и ја осветлува кожата. Може да побарате некој ваков производ или да направите оризова вода дома и да ја користите пред чистење на лицето, за хидратација на кожата, но и за омекнување и сјај на косата. Оризовата вода е важно да биде чиста.rnrn
rn
2. Двојно чистење на лицето
rnТехниката на двојно чистење на лицето е една од омилените во Кореја и Јапонија бидејќи со неа се отстрануваат сите нечистотии по носење шминка или користење крема за сончање. Првото чистење најчесто е со производ на база на масло, бидејќи тоа ја смирува кожата и ја ослободува од несаканите масни материи во порите.rnrnВториот производ е најчесто на база на вода. Тоа дополнително ги отстранува сите остатоци и им помага на другите производи за нега на кожа, да навлезат длабоко и да ја омекнат текстурата на кожата.rnrn
rn
3. Производи со секрет од полжав
rnСекретот од полжав се користел уште во античка Грција бидејќи претставува комплекс од хијалуронска и гликолична киселина, а содржи и цинк. Сите три состојки се добри за кожата и ја прават сјајна, а цинкот дополнително ја намалува иритацијата на кожата.rnrn
rn
4. Чај од лимонска трева
rnОсвен по убавиот мирис и ароматичниот вкус, чајот од лимонска трева е познат и по тоа што е одличен за детоксикација и варење на храната, менструални болки и надуеност, но и за поздрава и посјајна кожа.rnrn
rn
5. Лист маска
rnЕден од најдобрите начини за грижа на кожата е користењето лист маска богата со состојки против стареење, како колагенот. Многу е практична за користење, а има многу придобивки за кожата меѓу кои и намалување на брчките.rnrn
rn
Автор: Катерина Каланоска
