Велат дека спротивностите се привлекуваат и токму наредниве неколку пријателства се доказ за вистината на оваа изрека. Дури и природните предатори можат да станат блиски пријатели, доколку сфатат дека заедно можат да постигнат многу повеќе. Погледнете ги наредниве 14 необични и неодоливи пријателства во светот на животните кои ќе ви го разубават денот.rn
1. Слонот Баблс и Кучето Бела
rnБаблс е слон од Африка кој бил спасен од ловци и моментално живее во засолништето Миртл бич сафари, кое се наоѓа во Јужна Каролина. Кога таа пристигнала таму имала само 140 килограми, но со тек на време успеала да качи тежина од неверојатни 4.082 килограми. Но, нејзината големина не ѝ пречи во изборот на пријатели. Таа се запознала со еден црн лабрадор, Бела, и многу брзо станале неразделни пријатели. Тие дури и си играат заедно, Баблс ѝ фрла стапче на Бела, а таа ѝ го враќа назад.rnrn
rn
2. Кучето Торк и Бувот Шрек
rnМожеби би помислиле дека едно куче би повредило птица, но вистината е сосема различна. Кога станува збор за Торк и Шрек, тие се пријатели уште од кога Торк имал само 6 месеци.rnrn
rn
3. Кучето Тини и дивата лисица Снифер
rnТие толку време поминуваат заедно што дури почнуваат и да наликуваат еден на друг. Овие две животни се запознале во Норвешката шума која се наоѓа покрај домот на сопствениците на Тини и од тогаш секојдневно заедно си играат.rnrn
rn
4. Кучето Фред и пајчето Денис
rnОвој лабрадор е толку нежен што успеал да стане најдобар пријател и со пајче. Откако една лисица ја изела мајката на Денис, тој бил беспомошно и безнадежно сираче. За среќа, сопствениците на Фред го нашле и го спасиле. Но, никој не би можел ни да претпостави дека кучето ќе биде од најголема помош за ова пајче. Откако Денис бил спасен, Фред се грижи за него исто како да е негово дете.rnrn
rn
5. Кучето Мајло и лавот Боундигер
rnОчигледно лавовите не се толку страсни љубители на месо, бидејќи овој ѕвер од 220 килограми е најдобар пријател со 3 мали кутриња. Откако на лавот му била дијагностицирана метаболитичка болест која делумно го онеспособила, кучето Мајло го примило под својот опаш. 5 години подоцна, овие двајца сè уште уживаат во заедничкото поминато време.rnrn
rn
6. Нојот Вилма и жирафата Беа
rnОвие две животни кои живеат заедно на површина од 65 акри, одлучиле дека нивното време подобро им поминува доколку се заедно…rnrn
rn
7. Лав, тигар и мечка
rnШир Кан е тигар, Балу е мечка и Лео е лав, но што е тоа што за нив е заедничко? Пријателството! Еден дилер на дрога многу одамна ги чувал заедно и ги злоупотребувал, но тие заедно успеале да се спасат и денес живеат во засолништето за животни „Noah’s Ark“. Изгледа дека траумата низ која заедно поминале ги зближила и направила овие 3 животниФсур да се најдобри пријатели до крајот на нивниот живот.rnrn
rnrn
