Доколку редовно користите компјутер и сте забележале некакви проблеми со очите, веројатно сте помислиле на очила за заштита од сина светлина. Наводно, овие очила ги штитат очите од негативното влијание на долгото користење технологија, но дали навистина функционираат?rnrn
rnrnИстражувањата даваат измешани резултати, но според некои експерти носењето на овие очила може навистина да спречи некои сериозни проблеми. Ако сте личност која страда од мигрена по поминување на целиот ден пред компјутер, овие очила можеби ќе ја намалат вашата болка.rn
„Филтерот за сина светлина на очилата ја ограничува видливата светлина со висока енергија што може да предизвика синдром на дигитален вид“, изјавил Друвин Пател кој е оптометрист.rnrn„Со ограничување на сината светлина, се намалува кумулативното изложување, а со тоа се намалува визуелниот стрес и заморот на очите што предизвикува главоболки.“
rnПокрај привремените главоболки, постои опасност и од други, долготрајни проблеми со долгото користење на компјутер.rn
„Контроверзно е и воопшто не е дефинитивно, но постојат некои докази кои покажуваат дека сината светлина може да го оштети вашиот вид, особено преку продолженото апсорбирање на УВА светлина преку ретината“, изјавил Грег Булокм истражувач на сината светлина.rnrn„Со текот на времето, ова може да ги оштети клетките во окото и да предизвика проблеми како катаракта.“
rn
„Најголемиот проблем со времето поминато пред екран е дигиталниот напор на окото“, изјавил Раул Курана, офталмолог од Северна Калифорнија.
rnЕдноставен начин да ги одморите вашите очи е да гледате во предмет кој е оддалечен најмалку 6 метри од вас, не пократко од 20 секунди. Правете го ова на секои 20-тина минути.rnrnПостои и уште една интересна придобивка од користењето очила за заштита од сина светлина.rn
„Овие очила можат да го намалат замаглувањето на видот од силната светлина, како кога возите навечер. Ова е проблем што станува сè посериозен, бидејќи ЛЕД светлата од автомобилите стануваат поголеми и посветли, слично како кај смартфоните.“
rnПокрај тоа, кога станува збор за ноќно време, овие очила можат да ги заштитат вашите очи додека го користите телефонот пред спиење. Светлината од уредот може да го отежни заспивањето.rnrnЗа едно истражување, истражувачите го тестирале влијанието на изложеност на сина светлина врз распоредот на спиење. Тие замолиле 20 возрасни личности да носат заштитни очила од сина светлина и очила што ја блокираат ултравиолетовата светлина, три часа пред да заспијат. По користење на очилата само три недели, испитаниците кои носеле очила за заштита од сина светлина имале подобро расположение од другата група.rnrnАко веќе носите очила за гледање во текот на денот, сигурно нема да сакате да носите два пара. Па, доколку сакате да ги пробате заштитните очила прашајте го вашиот лекар за вашите опции. Исто така можете да поставите филтер за сина светлина на вашиот смартфон или компјутер. Вклучувањето на ноќната опција (night mode) исто може да ви помогне да ги одморите вашите очи. Добро е и да го држите лаптопот или екранот на растојание колку должината на вашата рака и да го направите фонтот поголем.rnrnПробајте ги и овие кратки и едноставни вежби за подобар вид.