КАФЕ ПАУЗА

12 нешта што треба да ги правите секогаш кога одите на патување

Written by

in

,

Тајната на патувањата не се состои во посетување на скриените места за кои ќе чуете само од локалните жители, туку во секојдневното интуитивно однесување кое има моќ да ве претвори во нешто многу повеќе од изгубен турист. Еве што треба да правите на секое патување ако сакате да се чувствувате како дел од тоа место.rnrn0-12-neshta-shto-treba-da-gi-pravite-sekogash-koga-odite-na-patuvanje-kafepauza.mkrn

1. Запознајте го локалното население

rnБез разлика дали патувате на друг континент или само во друга држава, многу е важно да зборувате со луѓето околу вас. Дури и ако патувате со други луѓе, одвојте време и запознајте ги луѓето кои седат до вас во рестораните, кои ви го подготвуваат пијалакот во бар или луѓето на кои ќе налетате додека се шетате. Никогаш не се знае што може да дознаете.rn

2. Одберете го чудниот пат

rnНекогаш е премногу искушувачки да останете во границите на вашиот хотел или да ги посетите само најголемите туристички атракции, но (безбедноста пред сѐ) предизвикувајте се себеси да направите што било за што е потребно малку повеќе време и внимание. Затоа зборувајте со локалното население, прашајте за некои поретки и чудни патишта и истражувајте го местото што го посетувате пред да стигнете таму.rnrn1-12-neshta-shto-treba-da-gi-pravite-sekogash-koga-odite-na-patuvanje-kafepauza.mkrn

3. Патувајте со јавен превоз

rnАко сакате да го почувствувате целосниот шарм на градот тогаш патувајте со јавен превоз. Автобусите ќе ви помогнат најдобро да ги почувствувате вибрациите на маалата. Само, бидете внимателни – очите широко отворени, понесете мапа и држете ги вашите лични предмети блиску до вас.rn

4. Купете сувенир од каде било освен од продавницата за сувенири

rnСпуштете го магнетот за фрижидер и полека оддалечете се. Патувањето е одлична можност да соберете некои навистина специјални и интересни нешта кои ќе ви служат како потсетник на вашите авантури. Затоа внимателно одберете сувенир кој ќе ве потсетува на ова патување со години.rn

5. Уловите ги деталите

rnВодете дневник. Ревидирајте ги деновите со луѓето со кои патувате. Дозволете си можност да се осврнете на ова патување и да се потсетите на најситните детали. Не поминувајте премногу време на Инстаграм затоа што ќе ги пропуштите авантурите кои сакате да ги запомните.rnrn2-12-neshta-shto-treba-da-gi-pravite-sekogash-koga-odite-na-patuvanje-kafepauza.mkrn

6. Јадете на места што ви ги препорачал човек

rnСајтовите за препораки се одлични кога истражувате ново место, но вистинските богатства, или барем оние автентичните, се кријат само во устите на локалното население. Кога јадете само во одбрани ресторани, голема е веројатноста дека ќе се чувствувате како турист. Затоа, додека зборувате со луѓето кои живеат таму, прашајте ги кој им е омилениот локален ресторан. Ако имате авантуристички дух, следете ја нивната препорака дури без да го истражите местото на Гугл, но ако сепак мора да го проверите, нема да ви судиме.rn

7. Одете на екскурзии

rnАко вашето патување се состои од посета на само еден град, одвојте еден ден и појдете во град или место во близина. Честопати, популарните туристички дестинации – иако популарни со причина, засенуваат некое вредно, но сепак подалечно местенце.rn

8. Научете го јазикот

rnУште пред да тргнете на патувањето, пронајдете ги и научете ги важните фрази кои сметате дека би ви биле потребни кога ќе пристигнете. Ако го пропуштите овој период, тогаш купете мал речник – голем број од луѓето ќе го забележат и ценат вашиот труд, дури и ако користите мимики.rnrn3-12-neshta-shto-treba-da-gi-pravite-sekogash-koga-odite-na-patuvanje-kafepauza.mkrn

9. Истражувајте ги локалните населби

rnПоминете еден цел ден без планови и посветете го на детално истражување на маалата. Можете пеш или со велосипед – вака имате оптимална мобилност затоа што можете да се движите и да застанувате по желба. Не се ограничувајте временски и дозволете си да го поминете целиот ден таму. Со сигурност ќе се чувствувате како жител на тоа место.rn

10. Почувствувајте ги ноќните вибрации

rnБез разлика дали сте ноктурална личност или не, сите места имаат различна ноќна енергија за разлика од онаа денската. Во зависност од вашиот вкус и местото кое го посетувате, ноќниот живот може да се состои од живи свирки, огромни клубови кои ечат со музика или малечки кафулиња со многу вино. Облечете се и нурнете во ноќниот живот на местото.rn

11. Изгубете се

rnСо нашите паметни телефони и џипиес системи скоро и да не можеме да се изгубиме. Секако дека тоа ќе ви зачува време и ќе ви ги намали грижите и стресните моменти, но кога сте слободни и не сте врзани со време и секако не се ставате во опасност, да се изгубите е одличен начин да се запознаете со местото што го посетувате и да откриете неочекувани нешта. На еден ден заборавете на мапата и изгубете се во убавините.rn

12. Предизвикувајте се

rnЈадете необична храна, пробајте нешто што ве плаши, одолејте на планирањето. Излезете надвор од вашата комфорна зона и искусете нови нешта. На оние убавите и интересни патувања ќе научите по нешто и за себеси, тие патувања дури може и да ве променат. Единствениот начин да го доживеете тоа е да ризикувате.rnrn4-12-neshta-shto-treba-da-gi-pravite-sekogash-koga-odite-na-patuvanje-kafepauza.mk