Кога ќе влезете во парфимерија, преплавени сте од разните мириси и често не знаете кој да го изберете. Многу жени купуваат парфем кој ќе им се допадне „од прва“, а потоа откако ќе го носат неколку дена веќе не им се допаѓа и се запрашуваат зошто го одбрале баш тој парфем. Експертите имаат решение за тоа. Прво, заборавете на непромислениот шопинг бидејќи тоа е првиот чекор за да направите скапа грешка.rnrn
rn
Важно е времето
rnНајважно е откако ќе го испробате тестерот на кожа да го оставите најмалку еден час за да ги откриете сите негови ноти. Тоа е затоа што секој парфем се состои од горни, средни и основни мирисни ноти. Горните, односно почетните се оние кои ќе ве привлечат веднаш на првиот мирис. Средните ноти го сочинуваат срцето на парфемот и затоа имаат најголема улога, додека основните се темелот на парфемот. Треба да помине време за да ги помирисате сите ноти.rn
Важно е и каде го нанесувате
rnПарфемот нанесете го на најтоплите делови на телото: вратот, подрачјето околу клучната коска, внатрешните делови на лактот и колената. Така мирисот постепено ќе се шири и подолго ќе трае. Нанесувањето на парфемот позади ушите не се препорачува бидејќи таму има жлезди кои може да го променат мирисот.rnrnИ за крај, експертите велат дека мирисот кој го носиме пред сѐ е резервиран за блиски личности кога ќе ни се доближат. Според бонтон, непристојно е да се „напаѓа“ околината со својот парфем.rnrnСледно, дознајте дали погрешно го нанесувате дезодорансот.rn