Ако мислите дека го имате најлошото работно место на светот, оваа листа сигурно ќе ви го промени мислењето. Во продолжение погледнете ги 9-те најтешки и најпредизвикувачки работни места, кои сигурно не би сакале да ги пробате.rn
1. Правење капаци за шахти, Њујорк
rn
rnrnЛуѓето од Индија годишно прават околу 2.750 капаци за шахти за Њујорк. Единствената безбедносна опрема што ја имаат се пар очила. Температурата на растопениот метал може да се движи од 1.198 до 1.398 степени Целзиусови. Металот може да ве испрска и со тоа да предизвика сериозни изгореници. Затоа и оваа работа се смета за една од најтешките во светот.rn
2. Копање сулфур во Индонезија, вулканот Кава Иџен
rn
rnrnВо внатрешноста на овој активен вулкан има езеро со сулфур. Работниците и локалните жители влегуваат во него без никаква заштитна облека или гас маски. Вадат парчиња сулфур во текот на целиот ден и целата ноќ, користејќи ги само нивните раце и мало шамиче кое наводно им помага да не ги вдишуваат штетните супстанци. Секој работник добива помалку од 4 евра на ден.rn
3. Чистачи на канализација, Индија
rn
rnrnВеројатно никој не би сакал да ја чисти канализацијата. Работниот ден трае 12 часа, а работниците целиот ден го поминуваат во шахта, дишејќи го отпадот. Работниците користат метални алатки и нивните раце за да ги ослободат цевките. Потоа целиот отпад се собира и се фрла на улицата. Чистачите немаат посебна опрема и обично работат носејќи само долна облека. Добиваат 4 евра дневно.rn
4. Тестер на мириси
rn
rnrnОвие луѓе работат во компании што произведуваат дезодоранси. Тестерите го нанесуваат продуктот на пазувите на луѓето, а потоа мирисаат со цел да ја оценат ефективноста во текот на денот.rn
5. Рудари на дијаманти, Сиера Леоне
rn
rnrnОва е навистина валкан бизнис. Целата вредност на дијамантите кои се вадат изнесува околу 300 милиони, но работниците добиваат многу малку. Околу 250.000 луѓе работат како рудари во една од најсиромашните области во државата.rn
6. Рудари на сол, Етиопија
rn
rnrnЛуѓето Афар се познати по нивната неверојатна толеранција на високи температури. Една од нивните традиционални активности е собирање сол. Температурата во пустината каде што работат може да достигне и до 51 степен Целзиусов, и ова место се смета за едно од најтоплите во светот.rn
7. Електричари на големи височини
rn
rnrnКинеските електричари ги проверуваат далноводите со висок напон на неверојатна висина. Иако се опремени со безбедносна опрема, ризикот да ги удри струја е преголем.rn
8. Чистачи на местото на злосторството
rn
rnrnОвие луѓе треба да ја отстранат крвта од ѕидовите, подовите, креветите, па дури и да ги отстрануваат мртвите тела. Најтешкиот дел од нивната работа е миризбата. Ако полицијата најде тело неколку денови по смртта, не помага дури ни маска. Понекогаш телата се најдени неколку месеци по смртта и привлекуваат разни инсекти. По правило на работниците им се потребни неколку денови за да исчистат сè, но во зависност од нередот може да биде потребно и повеќе време.rn
9. Тестери на комарци
rn
rnrnНаучниците кои бараат лек за маларија мора да ги научат навиките на комарците што ја разнесуваат. Бразилските научници дури ја загрозуваат нивната безбедност и се нудат како „човечка мамка“ за да ги заробат комарците на нивните раце.rnrnA дали знаете кои се најопасните професии во светот?