КАФЕ ПАУЗА

Родителите кои изгубиле дете би сакале да разберете дека…

Родителите кои изгубиле дете би сакале да разберете дека...

Written by

in

,

Велат дека губењето на детето е најтешката трагедија која може да ви се случи во животот. Оние кои го искусиле тоа тврдат дека не почувствувале поголема болка. Тие родиле дете, му се радувале, го одгледувале, за потоа да налетаат на некоја тешка болест, неодговорен возач или нешто слично и одеднаш сето тоа да го снема. Нема што повеќе да се дискутира за тоа ако тие велат така. За да разберете подобро низ што поминуваат, прочитајте што вели за тоа Пола Стивенс, мајка чие дете починало. Таа советува неколку работи во врска со ова.rnrnРодителите кои изгубиле дете би сакале да разберете дека...rn

Паметете ги нивните деца

rnПола вели дека не може да ја опише болката што ја чувствува и дека таа мора да се почувствува на своја кожа за човек да има претстава за што се работи. Но, и покрај сè, таа и сите други кои се во нејзината ситуација сакаат нивното починато дете да остане запаметено.rn

„Ако видиш нешто што те потсетува на син ми, кажи ми за тоа. Ако се потсетиш дека тој ми фали за време на празниците и родендените, те молам речи ми дека го паметиш. И кога му го спомнувам името и евоцирам спомени, немој да се повлекуваш. Ако никогаш не си го сретнал, не плаши се да ме прашаш за него. Зборувањето на Брендон ми причинува среќа,“ вели таа.

rn

Сфатете дека не можете да ги исправите работите

rnТаквата смрт го крши родителот на начин на кој не може да заздрави. Пола вели дека ги собрала делчињата од себе и продолжила напред, но ништо повеќе не е исто, и додава:rn

„Немојте да ни велите дека нè чека животот, дека поминало многу време или дека времето лечи сè. Добредојдена ни е вашата љубов и поддршка, знаеме дека понекогаш е тешко да нè гледате, но нашата скршеност нема да замине.“

rn

Имајте предвид дека има два дена во годината кои се уште потешки од другите

rnРодителите чии деца починале сè уште ги паметат нивните родендени и замислуваат како би било кога детето уште би било тука и колку години би наполнило. Вториот датум кој има важно место во нивниот живот е оној кога се случила трагедијата. И двата дена будат непријатни чувства кај родителот без разлика колку години поминале оттогаш. Мора да разберете дека овие луѓе на тие два дена не се истите како и обично.rn

Разберете дека тешко наоѓаат среќа

rnСекој од нив различно се справува со проблемот, но сите имаат едно заедничко: тешко наоѓаат среќа во животот. Тие постојано балансираат меѓу тагата од една страна и среќата од другите деца од друга. Колку и да е среќен еден момент, дел од нив сè уште тагува за она што некогаш се случило.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.