10 градови со прекрасни плажи

Сподели

Убавите плажи не се сместени само на изолирани места некаде далеку од урбаните подрачја. Според магазинот Лонли Планет овие градови не заостануваат зад нив.rn

Реклама

Барселона

rnЦелото крајбрежје на Барселона е исполнето со прекрасни плажи. Најјужно се наоѓа Плаџа де ла Нова Икарија, најубавата од нив и секогаш полна со капачи.

rn

Рио де Жанеиро

rnКопакабана и Ипанема се двете најпознати плажи во овој бразилски град. Оној кој еднаш стапнал овде и ја почувствувал енергијата во воздухот секогаш копнее да се врати на овие храмови на хедонизмот.

rn

Кејп Таун

rnБез оглед на тоа дали сакате плажа опкружена со барови, катче за одмор со семејството или место за играње фудбал на плажа, на убавото крајбрежје на Кејп Таун има сè што може да ви притреба.

rn

Танжиер

rnМароканскиот град Танжиер се наоѓа на африканскиот дел од Гибралтарскиот Проток, онаму каде што се среќаваат Атлантикот и Медитеранот. Градот располага со огромни песочни плажи кои никогаш не се празни. Тука постојано има капачи, деца кои си играат и луѓе кои доаѓаат само за да се опуштат гледајќи во океанот.

rn

Мајами

rnПрвата слика која доаѓа на памет кога ќе се споменат плажите во Мајами се хоризонтот и убавите тела на посетителите, но покрај тоа во градот има место и за оние кои сакаат да сурфаат или за оние кои не бараат гужви.

rn

Сиднеј

rnКога брановите стигнуваат до плажата Бонди во Сиднеј се чини дека нема граница каде завршува Пацификот и почнува плажата. Во градот има и други убави плажи, но не се толку популарни како оваа.

rn

Валенсија

rnПлаја де ла Малвароса и Плаја де лас Аренас ја прават Валенсија привлечна за туристите кои сакаат да се бањаат на бреговите на Коста Бланка. Веднаш зад нив се наоѓа шеталиштето Пасео Маритимо, а недалеку од нив се и бројните шпански ресторани, барови и дискотеки.

rn

Тел Авив

rnТел Авив е спротивност од угледот кој го има Израел. Плажите се совршено чисти и се исполнети со млади луѓе кои таму се забавуваат додека се раздени.

rn

Дубаи

rnСè она најдобро што може еден турист да посака може да го најде во Дубаи. Песокот и водата на плажите се беспрекорни, а покрај погледот кон морето може да се ужива и во глетката над надвиснатите архитектонски зданија во градот.

rn

Брајтон

rnИзненадувачки, меѓу најубавите плажи во светот се наоѓа и една во Англија. Плажата е со ситни камчиња, но студентите и денешните хипици кои ја окупираат ѝ даваат боемски дух кој ја сместува меѓу најатрактивните во светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира