Комбинациите со силни бои некогаш можат и да станат здодевни, затоа убаво е одвреме-навреме да направиме неколку минималистички комбинации. Иако звучи малку банално, голем дел од модата оваа сезона се концентрира на црно-белите комбинации.rnrnrnrn
rnrnБелата маица со црно здолниште со А крој е одлична идеја, или црн фустан со бело палто, црни високи потпетици и чанта – ова се едноставни, софистицирани, безвременски изгледи и добитна комбинација во играта со трендовите.rnrn
rnrnУште една моќна комбинација е белата кошула и блејзерот со црни пантолони. Ако точно знаете како да ја носите, нема никаква шанса ваквиот изглед да биде здодевен.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

















