Вкусна закуска полна со витамини за целото семејство
rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- Банани (скоро презреани)
- Чоколада
- Шарени трошки, мелена плазма, мелени ореви или лешници (состојки по ваш избор кои би ги искористиле за украсување)
- Дрвени стапчиња за сладолед
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзлупете ги бананите и пресечете ги на пола. Боцнете ги половинките банани на дрвените стапчиња, а потоа поставете ги на чинија обложена со хартија за готвење и оставете ги да се замрзнат во замрзнувач.rnrnЧоколадото искршете го на парчиња и растопете го на тивок оган. Потоа оставете го на страна да се олади. Додека стопената чоколада се лади, извадете ги состојките за украсување. Може да одберете мелени ореви или лешници, мелена плазма, шарени трошки и сл. Тоа е ваш избор и го препуштаме на вашиот вкус и креативност.rnrnИзвадете ги бананите од замрзнувачот и потопете ги во стопеното чоколадо, а веднаш потоа извалкајте ги во трошките за украсување.rnrnПотоа вратете ги украсените банани во замрзнувач да се замрзнат повторно. Послужете ги како десерт или закуска.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.