КАФЕ ПАУЗА

Очекувате бебе? Погледнете ги овие популарни латински женски имиња со силно значење!

Одбирањето име за дете е голем предизвик и одговорност за родителите. Потребно е да им се допаѓа и на мајката и на таткото, но и на детето кога ќе порасне. Во екот на модерни имиња, понекогаш добро е да побараме инспирација и во корењата. Токму затоа и ги споделуваме овие латински имиња со вас чие длабоко значење може целосно да ве освои.rnrnrn

1. Адријана

rnДоволно е само еднаш гласно да го изговорите ова име за да чуете колку убаво звучи, Женската варијанта од латинското име Адриан значи некој што доаѓа од Адрија. Ако сакате слатки прекари, тука ќе имате многу избор.rn

2. Клаудија

rnОва име доаѓа од зборот „клаудус“ што во превод значело хром. Голем број римски фамилии го користеле името Клаудиус кое било извадок од ова.rn

3. Стела

rnСтела доаѓа од истоимениот латински збор што во превод значи ѕвезда. Прекрасно име за вашето мало ѕвездиче.rn

4. Луција

rnОва име доаѓа од латинскиот збор „лукс“ што во превод значи светло или сјај. Луција е прекрасно и безвремено име за девојче.rn

5. Валерија

rnПотеклото на ова име доаѓа од латинскиот збор „валерианус“ што во превод значи силна, моќна и здрава жена.rn

6. Оливија

rnОва име е инспирирано од латинскиот збор „оливариус“ или „оливерус“ што во превод значи маслиново. Тоа е симбол за надеж, па некогаш се преведува и како „онаа што носи надеж“.rn

7. Вера

rnИако името звучи малку словенско, тоа доаѓа од латинскиот збор „веритас“ што во превод значи вистина. Прекрасен избор за мало девојче.rn

8. Лара

rnЛара доѓа од латинските зборови „лар“ и „ларис“ што бил називот за римските домашни богови – заштитници на куќата. Со други зборови, значењето на Лара е заштитничка.rnrnБарате потрадиционално име? Погледнете ја и оваа листа од машки и женски имиња од македонско и црковно потекло.