Иако секоја од нас сака да има средена фризура, честопати повеќечасовното седење во фризерскиот салон ни причинува проблем. Меѓутоа, за нашата коса да биде убаво наместена, а со самото тоа и одлично стилизирана, не ни е потребно повеќе од една минута, а понекогаш дури и само 10 секунди. Уверете се и самите откако ќе ги погледнете овие фризури кои може да се направат за само 10 секунди.
1. Една од најпрактичните, а воедно и исклучително елегантна фризура е коњското опавче со волумен. За оваа фризура ви се потребни 10 секунди, а сè што треба да направите е да ја поделите косата на два дела, еден под друг, а потоа и двата дела да ги врзете во опавче. Од горниот дел на опавчето издвојте неколку прамени кои со помош на чешел благо ќе ги истапирате за да постигнете дополнителен волумен, а потоа пуштете ги да паѓаат врз долното опавче. Со самото тоа долното опавче нема да се забележува, а вашата коса ќе изгледа побујна и пораскошна.
2. И неуредната пунџа може да изгледа доста уредно. За почеток, врзете ја косата во опавче, а предниот дел украсете го со венче кое благо ќе ја подигне. Од заврзаното опавче направете пунџа, така што ќе го завртите околу стегата и потоа, ќе го прицврстите со шноли. Откако ќе ја фиксирате вашата неуредна пунџа, со помош на чешел уше малку подигнете го горниот дел на косата и на тој начин ќе добиете уредна и женствена фризура, без да вложите премногу време.
3. За вашата коса да изгледа одлично наместена за 10 секунди, сè што ќе ви биде потребно се две шноли и малку вештина. Издвојте еден прамен од косата од левата или десната страна (изборот е само ваш), замотајте го, а потоа издвоениот прамен закачете го со шнолите така што прекрстени ќе ги прицврстите на косата. Тоа е тоа, вашата фризура е готова!
4. Малку поинакво опавче. Наместо да издвоите два прамени и да ги врзете во опавче на темето, ви предлагаме да направите мала магија со својата коса така што најпрво ќе ги завртите, а потоа ќе ги заврзете со стега за коса, исто како на фотографијата. Издвојте два прамени кои ќе ги оставите да ви паѓаат на лицето и уживајте во оваа прекрасна и практична фризура.
5. Заборавете на класичното закачување на шишките со шнола, кога вака наместената коса може да изгледа поинтересно. Сè што е потребно е да ги издвоите вашите шишки, така што праменот од издвоената коса ќе го направите во облик на триаголник, а потоа издвоениот дел од косата ќе го завртите, ќе го префрлите преку глава и ќе го прицврстите со шноли. Ќе бидете воодушевени со постигнатиот резултат, а вашата коса ќе изгледа поинтересно и повпечатливо.
6. За оваа фризура ви се потребни помалку од 10 секунди. Направете патец на страната од два издвоени прамени од косата, потоа префрлете ги зад уште и заврзете ги зад главата. За тоа време остатокот од косата држете го подигнат, а откако ќе ги фиксирате издвоените прамени, само оставете го слободно да ви паѓа на грбот.


