Примамливи колачиња кои, не само што изгледаат убаво, туку се и многу вкусни. Аромата на зачини во комбинацијата со турско кафе привлекува и им дава единствен шмек. Лесен рецепт кој мора да го пробате. Овие слатки мали колачиња, кои воедно не се многу калорични, може да ги послужите како десерт после ручекот или како засладување на кафе муабетот со вашите пријатели.rnrn
rnrn
Потребни состојки за 50 колачиња:
rn
- rn011
- Белки од 4 јајца (на собна температура)
- 200 г шеќер
- 4 кафени лажички турско кафе
- 2–3 кафени лажички зачин кардамом
- ½ кафена лажичка мелено каранфилче
- Додатоци за декорација по ваш избор
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnrn
rnrn
Начин на подготовка:
rnrnЗагрејте ја рерната на 90⁰C. Добро изматете ги белките од јајцата на најсилна брзина на миксерот. Додека е сè уште вклучен, на помала брзина, полека додадете ги кафето, шеќерот и зачините. Матете сè додека смесата не стане пенеста. Во шприц за готвење ставете ја смесата, и на хартија за печење направете мали топчиња, како на сликата погоре. Може да ги декорирате по желба. Печете ги околу 75 минути, па извадете ги да се оладат на собна температура. Потоа направете мали сендвичиња со топено чоколадо за готвење или еурокрем.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
