rn
5. Кошула-фустан
rnТексас кошулата беше голем хит во текот на минатата година, но овој пат малку ќе го прошириме овој тренд и ќе добиеме совршен лелеав фустан кој е одличен за дневни, лежерни прилики. Младешки, слободно, хипи… Совршено за сезоната прелет/лето.rnrn
rn
6. Голема и широка јакна
rnИнвестицијата која секако вреди да се направи е токму онаа која вклучува тексас јакна. А доколку сакате да бидете во тренд оваа година, одлучете се за широките модели кои можат да бидат украсени со апликации, а може да бидат и искинати и придружете им се на вашите омилени модни блогерки.rnrn
rn
7. Подвиткани ногавици
rnАко не сакате да ги скратите долгите ногавици, тогаш можете едноставно да ги подвиткате и на тој начин да заследите уште еден тексас тренд кој ќе владее оваа година. Можеби некогаш ова било малку смешно, но денес на тоа гледаме сосема поразлично. Денес, повеќе од кога било, владее огромна слобода во облекувањето.rnrn
rn
8. Тексас чанта
rnТексас обувки + тексас чанта = совршена комбинација. Никако не треба да помислите дека тексасот можете да го носите само во облик на кошули, јакни, фустани и слично. Тексас аксесоарите се исто така посакувани за оригинален и занимлив изглед.rnrn
rn
9. Вез
rnДоколку не изберете апликации, тогаш изберете вез! Оваа пролет заблескајте во фармерките кои се ретро, а сепак толку модерни и украсени со интересен вез, во облик на цветови или во некоја друга форма. Нека вашите фармерки ја „носат“ целата комбинација, а остатокот од облеката одржувајте го сведен.rnrn
rnrnДоколку не сте големи љубители на тексасот, секогаш можете да испробате некој друг моден тренд од сезоната пролет/лето.
