КАФЕ ПАУЗА

Брутално искрени одговори на сите оние досадни љубовни прашања што ви ги поставуваат роднините

Сезоната на празниците полека пристигна и ова е време кога поголем дел од луѓето го поминуваат со своето семејство и најблиските, а се среќаваат и со некои членови на поширокото семејство кои ги немаат видено одамна. Па така, сите сакаат да слушнат што има ново кај вас, за вашата работа, за вашето здравје и секако – за вашиот љубовен статус! Но, доколку не сте во врска, ваквите прашања може да ви бидат здодевни и непријатни, па во продолжение ви споделуваме одлични начини да им понудите брутално искрен одговор кога станува збор за вашиот љубовен статус.rnrnБрутално искрени одговори на сите оние досадни прашања кои ви ги поставуваат во врска со вашиот љубовен животrn

Имаш ли партнер?

rnО, Боже, најстрашното прашање кое може да ви го постават веднаш пред да вечерате. Во вашата глава ви поминуваат илјадници мисли, а се прашувате и дали да им кажете дека последните три месеци сте ги поминале јадејќи во вашиот кревет и гледајќи серии…rnrnПрва опција: Не знам дали можам да го наречам тоа момче како мој партнер. Имаме секс еднаш неделно, а повремено става лајк и на некоја од моите фотографии на социјалните мрежи. Дали ова се смета како да сум во врска?rnrnВтора опција: Никој не ме привлекува. Тоа е тоа. Ве молам не ме прашувајте ништо друго.rnrnТрета опција: Всушност, немам еден, туку неколку партнери. Сексуални партнери. За ова зборуваме, зар не?rnrnЧетврта опција: Не и сум немала во последните пет години. Ми се допаѓа идејата да умрам сама, опкружена со 30 слатки мачиња.rn

Кога мислиш да се омажиш?

rnНема ништо подосадно од вакви видови прашања! Тоа не може да се планира, или ќе се случи, или не.rnrnПрва опција: Искрено, секојдневно се борам со тоа да бидам нахранета и искапена. Откако ќе го совладам ова, ќе почнам да размислува за можноста да вклучам уште некоја личност во мојот живот.rnrnВтора опција: Само сакам да имам секс без обврски колку што можам подолго. Па, немам планови за во блиска иднина.rnrnТрета опција: Постепено доаѓам до заклучок дека самата сум си доволна. Едноставно не можам да го подобрам овој степен на совршенство.rnrnЧетврта опција: Не сакам да правам планови. Ќе оставам универзумот да одлучи наместо мене.rnrnБрутално искрени одговори на сите оние досадни прашања кои ви ги поставуваат во врска со вашиот љубовен животrn

Што се случи со последното момче?

rnАко досега разговорот не беше доволно лош, прашањата поврзани со вашите претходни партнери навистина може да ви го уништат целото расположение. Зар не треба роднините да сфатат дека ако не сте го споменале момчето, тоа е затоа што не постои?rnrnПрва опција: Ох, не знам. Ме остави? Фала што ме потсетивте.rnrnВтора опција: Му го „позајмив“ мојот лаптоп, па исчезна…rnrnТрета опција: Ме изневеруваше и јас тоа го дознав од Фејсбук. Сѐ уште плачам кога ќе се сетам на ова. Добро сум, навистина.rnrnЧетврта опција: Тој никогаш не ни постоеше. Го измислив само за да престанете да ми ги поставувате сите овие досадни прашања!