КАФЕ ПАУЗА

Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

Растенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балкон

Ако сè уште не сте одлучиле кои растенија да ги засадите за ова лето, не грижете се. Сè е прашање на проценка и секоја сезона е различна. Иако јуни не го означува почетокот на сезоната на садење, не го означува ниту крајот. Всушност, постојат многу растенија што можете да ги засадите овој месец, а тие ќе растат цело лето.rn

1. Сончоглед

rnРастенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балконrnrnОвој волшебен цвет ги симболизира сонцето, летото, среќата и спокојството. Расте само во летните месеци, од јуни до септември и не може да живее без сонце.rn

2. Цинија

rnРастенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балконrnrnОвој цвет е совршен летен избор за оние кои немаат многу време да се занимаваат со цвеќиња. Зиниите се многу издржливи, а освен повремено наводнување, не бараат ништо друго.rn

3. Невен

rnРастенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балконrnrnЦветовите од невен можат да имаат жолта и портокалова боја. Неговите лисја се покриени со влакна и цветаат од почетокот на летото до средината на есента. Невенот е познат и по своите лековити својства.rn

4. Целозија

rnРастенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балконrnrnЦелозијата е многу издржливо растение кое најмногу успева на директна сончева светлина и добро ја поднесува сушата. Овие цвеќиња имаат убави светли нијанси, како што се розовата, црвената, жолтата и портокаловата, но изгледаат импресивно и во бела боја, а можат да бидат и двобојни.rn

5. Каранфил

rnРастенија што можете да ги садите во јуни за вашиот мирислив летен балконrnrnНа ова цвеќе му е потребно многу влага за да расте, па затоа треба да се наводнува често. Што се однесува до положбата, каранфилот сака многу светлина, но не и директно изложување на сонце.rnrnПрочитајте за каладиумот – украсно растение што се вклопува во секој ентериер.