Ако штотуку сте се запознале со партнерот, а вашиот инстинкт ви кажува дека нешто не е во ред, не игнорирајте го. Обидете се да ги забележите предупредувачките знаци што покажуваат дека тој можеби не е добар за вас. Или уште полошо, знаците што може да укажуваат на психичка злоупотреба или на токсичен однос. Овие 7 знаци ќе ви откријат дали сте во токсична врска.rnrn
rn
1. Никогаш не бил во сериозна врска
rnИако некои момци сакаат опуштени врски или секс без обврски, не е баш пожелно тој никогаш да не бил во врска.rnrnМожеби звучи одлично на почетокот, но немојте прерано да се радувате.rnrnАко вие сте неговата прва вистинска девојка, тогаш тој веројатно нема да знае што е и што не е прифатливо во врската. За работите да бидат полоши, тој можеби не е ни подготвен целосно да ви се посвети.rn
2. Не ви се допаѓаат неговите пријатели
rnПријателите на вашето момче можат да ви кажат многу за него и да ви остават впечаток како тој се гледа себеси. На пример, ако се дружи со еден куп сексисти, можеби ќе се смета себеси за многу подобар од вас. Ако го поминува своето време со интелектуалци, можеби постојано ќе споделува еден куп мудрости.rnrnИако не треба да судите за партнерот само според тоа какви се неговите пријатели, важно е да забележите дали се лоши или не.rnrnОд друга страна, ако нема блиски пријатели, тоа би можело да значи дека тој не е многу друштвен или пријателски расположен. Можеби никој не се дружи со него затоа што тој е лош или можеби му недостасуваат социјални вештини. Во секој случај, бидете внимателни.rn
3. Тој е секогаш ѕвезда
rnАко вашето ново момче е главниот комичар во друштвото, можеби нема да ви се допадне тоа што ќе го прочитате. Ако тој секогаш може да ве насмее, има 1000 пријатели на Фејсбук и никогаш не одбива да излезе со пријателите, можеби ќе имате проблеми со него.rnrnТаквиот животен стил не е добар за стабилна врска. Не само што ќе треба да се грижите што прави во пијана состојба, туку ваквите мажи сакаат внимание и обично се опкружени со еден куп жени.rnrnАко сте љубоморни, врската со таков маж само ќе ве измачува.rn
4. Не ги почитува другите
rnИзлегувате на вечера и тој е груб кон келнерот, некој ќе го изнервира додека вози и вие од неговата уста ги слушате најгрдите коментари што можете да ги замислите. Ако тој не ги почитува другите, можеби еден ден и кон вас ќе се однесува на истиот начин.rnrnДа излегувате со некој што има недостаток на почит и љубезност не е многу добра идеја. Честопати може да ви биде непријатно кога сте заедно во јавност.rn
5. Тој е неодговорен
rnКога првпат го запознавте тој беше вработен, но сега кога сте заедно, откривате дека тој бил невработен со месеци. Ако тој не е одговорен, вие ќе треба да се однесувате како да сте негова мајка.rnrnИзлегувањето со некој што не поседува мотивација и одговорност може да биде фрустрирачко, а големи се шансите дека неговиот незаинтересиран став ќе влијае на вашата врска. Ако не можете да сметате на него кога ќе ви затреба, можеби ќе бидете разочарани.rn
6. Секогаш е без пари
rnСамо затоа што претпочитате да излегувате со некој кој е финансиски стабилен, не значи дека излегувате со него само заради парите, туку дека сте зрела жена. Врската со маж што ги троши сите пари што ќе го добие не е добра идеја.rnrnНе само што ќе бидете фрустрирани од неговите навики за трошење, туку тоа ќе влијае и на вашиот живот. Не помагајте му премногу, оставете го да созрее.rn
7. Тој е непријатен кон сите
rnБез разлика дали ги навредува своите пријатели или некој странец на улица, ако вашиот партнер има навика да ги навредува сите што ги среќава, време е да се збогувате. Сигурно и за вас има еден куп навреди.rnrnПрочитајте до кои правила се придржуваат паровите во успешните врски.