КАФЕ ПАУЗА

9 знаци дека вашиот партнер ве прави депресивни

9 знаци дека вашиот партнер ве прави депресивни

Ако често сте несреќни со партнерот, ако ви е непријатно, ако сте под стрес и ако се чувствувате исцрпено, тоа се знаци за деструктивен однос. Проблемот само се зголемува по некое време бидејќи поради овој однос вие станувате депресивни.rnrn9 знаци дека вашиот партнер ве прави депресивниrnrnДепресивните луѓе често веруваат дека проблемот е во нив, а со тоа само си ја влошуваат состојбата. Обидете се да се ослободите од стравот од самотија и емотивната зависност кои често ги држат луѓето заробени во вакви врски. Доколку препознаете некои од следниве знаци, можеби најдобро е да се збогувате се вашиот партнер.rnrn1. Чувствувате како партнерот да има моќ над вас и да не можете да одбиете што и да ви побара.rnrn2. Постојано ве критикува, а поради ова ја губите вашата самодоверба.rnrn3. Тврди дека само тој е во право и за него е вистина само она што тој смета дека е вистина.rnrn4. Ви кажува што да правите и како да се однесувате.rnrn5. Се обидува да ве контролира. Овој проблем може да настане, а вие воопшто да не го забележите. Овие мажи најчесто на почетокот контролираат само неколку работи и постепено го зголемуваат бројот. Додека да сфатите за што станува збор, може да биде предоцна и единствениот излез да биде раскинувањето.rnrn6. Ве уценува – или ќе биде по негово или ќе раскинете.rnrn7. Секогаш наоѓа нови причини за караница. Мирот во врската со ваква личност е речиси невозможен.rnrn8. Ве убедува дека тој е најдоброто нешто што ви се случило во животот.rnrn9. Правите работи кои му се допаѓаат само нему, со цел да ги избегнете расправиите.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот партнер не ве цени доволно.