Научниците од Медицинскиот факултет во Њујорк откриле дека децата чии родители им читале секој ден имаат побогат речник и се писмени уште пред да тргнат во училиште. Кои други воспитни методи се препорачуваат за детето да израсне во успешна личност?rnrn
rn
1. Не им кажувајте дека можат да бидат сѐ што сакаат
rnСпоред истражувањата спроведени на 400 американски тинејџери, тие не се заинтересирани за професиите кои доминираат на пазарот. Наместо тоа, сакаат да бидат спортисти, музичари или дизајнери на апликации и видеоигри – работи кои претставуваат само еден процент од бараните професии. Се предвидува дека во наредните децении ќе се бараат вработени во здравството и градежништвото, па зошто да не го посочите детето кон добро платена професија?rn
2. Вечерајте заедно како семејство
rnСпоред истражување спроведено на Харвард, децата кои приближно пет дена во неделата јадат заедно со семејството се помалку насилни, имаат помалку потешкотии за време на пубертетот и се помалку депресивни. Исто така, овие деца имаат висок просек на оценките во училиште, побогат речник и поголема самодоверба.rn
3. Што помалку време пред екраните за сите во семејството
rnКај малите деца кои премногу време поминуваат користејќи телефон или таблет може да се јави промена на мозокот. Односно се спречува нормалниот развој на некои способности, како на пример фокусирањето, говорот и социјализацијата. За децата на возраст од две до пет години се препорачува користење електронски уреди само еден час дневно.rn
4. Не работете од дома
rnСекако дека семејството има корист доколку мајката работи од дома, но научниците тврдат дека ќерките чии мајки работат надвор од домот имаат поголеми шанси да ја унапредат својата кариера и да бидат повлијателни и побогати.rn
5. Пуштете ги децата да помагаат по дома
rnИстражувањата велат дека сите кои постигнале успех на професионално поле како деца имале многу домашни работи и помагале при чистење и средување на домот.rn
6. Одложување на задоволствата
rnЕден експеримент што бил направен во 1972 бил се состоел од следното: На едно мало дете му било дадено маршмелоу и му било ветено уште едно доколку се воздржи да не го изеде првото откако истражувачот ќе излезе од собата на 15 минути.rnrnОвој експеримент открил дека децата кои можеле да се воздржат да не го изедат, пораснале во луѓе со подобри социјални вештини, подобри резултати при разни испитувања и биле помалку агресивни. За да можат вашите деца да ги стекнат овие вештини, вежбајте ги да стекнат навика која мора да ја исполнуваат секој ден, иако не им се допаѓа.rn
7. Читајте им
rnРодителите кои им читаат на децата им помагаат да имаат подобар речник и да можат полесно да учат. Децата кои сакаат книги ќе пораснат во луѓе кои читаат од забава, а тоа има низа предности. Читањето од задоволство е поврзано со подобро разбирање на правописот и математиката.rn
8. Поттикнувајте ги што повеќе да патуваат
rnСпоред истражувањата, луѓето кои патуваат имаат поголема толеранција кон другите култури и етнички заедници, поголема самодоверба и поголема почит. Тие, исто така, можат полесно да се изразат и имаат поголема желба за учење нови работи.rn
9. Пуштете ги да паднат
rnЕдна од најдобрите работи што можете да ги направите за детето е да го пуштите да падне. Кога ќе доживее неуспех, детето учи како да се соочи со последиците од сопствените постапки. Исто така, тоа е искуство потребно за да изгради отпорност.rnrnВо воспитувањето на детето играат улога и други фактори, како името на детето, што всушност е побитно отколку што мислите.