Името има огромно влијание врз нашиот живот – тоа нѐ прави различни од другите на повеќе начини, а може и да определи дали ќе бидеме успешни или не.rnrn
rnrnНаучните истражувања велат дека луѓето на кои им се допаѓа своето име имаат поголема самодоверба од оние кои не си го сакаат името. Тоа не е единствената причина зошто треба добро да размислите пред да се одлучите за името на вашето дете.rn
Развој на личноста
rnЕдно истражување спроведено од страна на британски научници покажало дека секој петти родител не е задоволен со изборот на името за своето дете. Експертите тврдат дека имињата кои премногу „отскокнуваат“ и не се карактеристични за местото на живеење може да влијаат негативно врз развојот на карактерот на детето. Необичното име може да доведе до потсмев од страна на врсниците, што влијае на социјализацијата и психичкиот развој на индивидуата.rnrnИстражувањата покажуваат и дека момчињата кои имаат имиња кои може да им се доделат и на девојчиња се поагресивни и имаат послаба самоконтрола. Тоа е уште поизразено доколку во нивната околина има девојче кое го носи истото име. Девојчињата со машки имиња се однесуваат слично.rnrnПодатоците велат дека девојчињата со женствени имиња почесто одлучуваат да се занимаваат со професии од општествените науки, додека момчињата со погруби имиња ги претпочитаат природните науки. Психолозите тврдат и дека името има ефект и врз начинот на облекување.rn
Заборавете на традициите
rnСпоред статистиките, помалку образованите родители почесто се одлучуваат за традиционални имиња кога ги именуваат своите деца. Традиционалното име подоцна може да влијае на начинот на кој тие деца ќе бидат перципирани од страна на врсниците, велат експертите.rnrnОд друга страна, актуелните имиња кои може да се слушнат на секој чекор, им даваат на децата најреални шанси за правилен развој. Меѓутоа, постојат и истражувања кои покажуваат дека децата кои имаат необични имиња, исто така, може да бидат успешни, но само доколку им се допаѓаат нивните имиња.rnrnНаучниците кои работат во областа објаснуваат дека не е добро децата да се именуваат според одреден член на семејството. Овој прилично застарен обичај може да влијае на развојот на личноста бидејќи децата несвесно се поистоветуваат со личноста со која го делат името, велат тие.rnrnКонечно, при одбирањето на името треба да се размисли и на потенцијалниот прекар кој би му бил даден на детето. Според едно истражување, прекарот игра приближно голема улога во развојот на личноста кај детето како и името.rnrnДали ова ве поттикна да најдете уникатно име за вашето девојче? Погледнете ги овие што значат „принцеза“ ширум светот!